Спорт
Шести последователен пораз за Далас

Екипата со најдобар учинок во сите конференции на НБА лигата го доживеа и шестиот последователен пораз кој не влијае на првото место во западната конференција.
Екипата со најдобар учинок во сите конференции на НБА лигата го доживеа и шестиот последователен пораз кој не влијае на првото место во западната конференција.
Далас овој пат загуби во Тојота Центарот во Хјустон од Ракетите во продолжение од пет минути со 119:114, откако во регуларниот дел мечот заврши со 108:108. Водечки стрелци за Хјустон беа Кевин Мартин со 33 поени, Луис Скола со 21 поен, 14 скока и 6 асистенции и Чак Хејс со 10 поени и 12 скокови.
За Далас Маверикс, Тони Паркер оствари 31 поен и 6 асистенции, Тим Данкан 23 поени и 13 скокови и Ману Џинобили 23 поени 7 скока и 6 асистенции.
Останати резултати:
Орландо – Шарлот 89:77 (Двајт Хауард 26 п. 14 ск. / Данте Канингем 21 п. 7 ск.)
Филаделфија – Њу Џерси 115:90 (Тадеуш Јанг 22 п. 5 ск. Елтон Бренд 21 п. 7 ск. / Брендон Врајт 15 п. 11 ск.)
Вашингтон – Кливленд 115:107 (Андреј Блач 36 п. 19 ск. Џавал Мекги 25 п. 8 ск. Џордан Крофорд 21 п. 10 ск. 11 ас. / Рејмон Сешнс 26 п. Џеј Џеј Хиксон 21 п. 10 ск.)
Индијана – Милвоки 89:88 (Рој Хиберт 15 п. 11 ск. /Брендон Џенингс 20 п. 7 ск.)
Детроит – Чикаго 96:101 (Ришард Хамилтон 30 п. / Дерик Роуз 27 п. 7 ас. Карлос Бузер 22 п. 8 ск. 7 ас.)
Њу Орлеанс – Мемфис 81:93 (Карл Лендри 19 п. / Зек Рендолф 28 п. 10 ск. 7 ас.)
Аталанта – Бостон 88:83 (Ал Хорфорд 16 п. 15 ск. /Пол Пирс 25 п. 8 ск.)
Минесота – Мајами 92:111 (Мартел Вебстер 22 п. 6 ск. Кевин Лав 18 п. 7 ск. / Двејн Вејд 32 п. 5 ск. Леброн Џејмс 27 п. 6 ск. 10 ас. Крис Бош 24 п. 11 ск.)
Сакраменто – Денвер 90:99 (Франциско Гарсија 17 п. Семјуел Далембер 10 п. 12 ск. / Рајмон Фелтон 17 п. Нене Хиларио 12 п. 12 ск. 6 ас.)
Портланд – Оклахома 98:91 (Ламаркус Алдриџ 32 п. 8 ск. Николас Батум 19 п. 6 ск. / Кевин Дурант 25 п. 11 ск. Расел Вестбрул 16 п. 9 ск. 6 ас.)
Феникс – Л.А. Клиперс 111:98 (Хаким Ворик 17 п. 10 ск. / Блејк Грифин 20 п. 13 ск.)
Јута – Л.А. Лејкерс 85:96 (Си Џеј Мајлс 24 п. Ал Џеферсон 17 п. 10 ск. 5 ас. / Коби Брајант 21 п. 5 ск. По Гасол 16 п. 9 ск. Ламар Одом 16 п. 7 ск.). /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч
Читач од усни ги откри разговорите на Доналд Трамп со играчите на Челси откако американскиот претседател се приклучи на прославата на трофејот за Клубски светски шампион на ФИФА, синоќа, објави денес „Дејли мејл“.
Трамп гледаше од трибините како Челси обезбеди изненадувачка победа од 3-0 против европските шампиони ПСЖ. Откако доби третман како ВИП за време на натпреварот заедно со првата дама Меланија и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Трамп зазема централно место за време на презентацијата на трофејот.
Трамп, кој беше исвиркан од дел од публиката, му ја предаде златната ракавица на Роберт Санчез за турнирот. Гледачите можеа да видат како Инфантино го претстави Трамп на Кол Палмер, додека ѕвездата на Челси и Англија се искачуваше да ја прими наградата за најдобар играч на турнирот.
Експертот за читање од усни, Џереми Фримен, откри дека Трамп имал зборови на восхит за Палмер откога ја видел неговата неверојатна игра во финалето.
„Јас сум најголемиот фан на Челси. Јас сум голем фан на вас. Добро сработено“, рече Трамп, според Фриман откога му ја даде Златната топка за најдобар играч на турнирот.
Палмер, за кого се знае дека малку зборува во интервјуата по натпреварите, наводно одговорил ‘Ви благодарам’ пред повторно да се приклучи на своите соиграчи.
Фото: Принтскрин
Спорт
Душан Тадиќ ги одби милионите од Звезда, потпишува за великан

Душан Тадиќ (36) ќе настапува за мадридски Атлетико следната сезона, објави српски „Телеграф“. Искусниот офанзивец имаше неколку сериозни понуди, меѓу кои и финансиски многу великодушна опција од Црвена звезда, актуелниот шампион на Србија.
Сепак, одлучи да ја продолжи кариерата во значително посилна конкуренција. Тадиќ го избра Атлетико Мадрид.
Во главниот град на Шпанија патува веќе утре, а целиот трансфер треба да биде завршен до крајот на неделата. Доаѓа како слободен играч бидејќи му истече договорот со Фенербахче и се очекува дека ќе биде значаен додаток во кадарот за напад кој го води Диего Симеоне.
Во интервју за „Арена Спорт“, првиот човек на Звезда, Звездан Терзиќ, рече: “Самиот се изненади кога ја виде понудата што му ја подготвив со деталите од финансиските услови. Ни би зборувал за бројките, не е коректно, но ќе беше најплатениот играч во историјата на српскиот спорт“.
Фото: ЕПА
Спорт
За два месеца, стадионот во Чаир ќе има помошно игралиште, почна изградбата
Почна изградбата на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на фудбалскиот клуб Шкупи во Чаир.
Игралиштето ќе има површина од 4644 квадратни метри, односно должина од 80 метри и ширина од 50 метри, опкружено со заштитни зони од по 3 метри од сите страни. Проектот ќе се реализира согласно меѓународните стандарди на ФИФА, со висококвалитетна вештачка трева, атмосферски систем за одводнување кој овозможува користење и при неповолни временски услови, како и целосно осветлување за употреба во различни делови од денот и вечерта.
Првиот вицепремиер Изет Меџити заедно со заменичк-министерка за спорт, Сафие Садики, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и пратеничката Фериде Хаџиу денес го посети стадионот и кажа дека инвестицијата претставува конкретен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Општина Чаир и создава подобри услови за тренинг и професионален развој на младите љубители на фудбалот.
„Нашата цел е да создадеме што повеќе простори и можности за нашата младина, поддржувајќи ги на нивниот пат кон успехот“, рече заменик-претседателот на Владата, Меџити.
Изградбата на игралиштето се очекува да заврши во рок од 45 до 60 дена.