Спорт
Тевез не легува во концепцијата за репрезентацијата на Аргентина

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина Серџо Батиста денеска изјави дека напаѓачот на Манчестер сити, Карлос Тевез не се вклопува во неговите тактички замисли
„Сè уште размислувам дали Карлос Тевез ќе се врати во националниот тим. Тоа ќе биде тешко, со оглед на мојот стил на игра“, изјави селекторот Серџо Батиста пред аргентинските медиуми.Тој претходно рече дека сака Аргентина да игра како фудбалскиот клуб Барселона и дека нападите се темелат на акциите на Лионел Меси.Тевез ги пропушти претходните три пријателски натпревари на Аргентина против Португалија, САД и Костарика.Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина Хулио Грондона рече дека Тевез е суспендиран затоа што одбил да игра пријателски меч против Бразил во ноември 2010 г.Тевез за својата репрезентација одиграл 58 натпревари и постигнал 12 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенер го надомести минусот од Истанбул, па од Ренџерс испадна во пенал рулетот

Глазгов Ренџерс последни изборија место во четвртфиналето во Лига Европа. „Полицајците“ во пенал рулетот го елиминираа Фенербахче.
Фенербахче успеа да ја надомести негативата од два гола про првиот меч во Истанбул. На „Ајброкс“, двата гола за Фенер ги постигна Шимански во 45. и 73.минута. Со резултат 2:0 заврши регуларниот дел, а не се менуваше ниту по продолженијата.
Играчите на Фенербахче беа поодбри на теренот, но не можеа да го постигнат третиот гол. Во финишот на второто продолженија во два наврати баар пенал, но судијата Ескас не се огласи.
Пенал серијата Ренџерс ја доби со 3:2. Ударите на Тадиќ и Фред во првата и четвртата серија ги одбрани Батланад, а во петтата Јандас шутираше над голот. Во редовите на Ренџерс само Хаџи не реализираше, Џан го одбрани неговиот удар.
Глазгов Ренџерс во четвртфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.
Спорт
(Видео) „Олд Трафорд“ го слави хет-трикот на Бруно, Одобер го однесе Тотенхем во четвртфиналето

Манчестер јунајтед и Тотенхем, заедно со Лион се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.
Манчестер јунајтед го победи Реал Сосиедад со 4:1 и со вкупни 5:2 го елиминитаа тимот од Сан Себастијан.
Три гола постигна Бруно Фернандеш ( два пати беше прецизен од белата точка), а четвртиот гол го постигна неговиот донародник Диото Дало.
Голот за Сосиедад, кој беше прв на овој натпревар од пенал го постигна Микел Ојерзабал.
По победата од 3:1 во Букурешт, Лион славеше над ФЦСБ и во Франција, овојпат со резултат 4:0.
Микаутадзе донесе водство во 14. минута, а до одморот преку Нуама, Олимпик го удвои водството.
И ова дуо беше во центарот на вниманието. Микаутадзе погоди во 47. минута, а Нуама во 88. минута го запечати триумфот.
Место во топ 8 избори и Тотенхем. Спарс во Лондон го совлада АЗ Алкмар со 3:1.
Одобер го отвори резултатот во 26. минута, Медисон во 48. го удвои водството, а во 63. Копмајнерс ја намали предноста на домашниот тим.
Херој на Тотенхем беше Одобер, кој погоди во 74. минута и му обезбеди на Тотенхем меч со Ајнтрахт Франкфурт.
Спорт
Чурлинов со Јагиелонија го мина Серкл Бриж, Николов со Борац испадна од Конференциската лига

Јагиелонија избори четвртфинале во Конференциската лига, а Борац Бањалука во драматичен натпревари испадна од ова натпреварување.
Јагиелонија го мина Серкл Бриж благодарение на победата во првиот меч од 3:0. Вечерва во Белгија, полскиот клуб загуби со 2:0. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Јагиелонија играше од 58.минута.
Борац Бањалука во Виена загуби од Рапид во продолженија и покрај тоа што имаше водство од 1:0. Австриците во четвртфиналето влегоа со голот на Швауб во 96.минута.
Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов на теренот влезе во 74.минута.