Спорт
Милан шампионски, Цезар спаси катастрофа
Во големото миланско дерби со уште поголемо значење бидејќи овојпат решава за титулата, Милан сигурно го совлада вечерва индиспониранито Интер со 3:0, одлепувајќи се на врвот со пет бодови разлика
Надеждта на Интер дека ќе може да го задржи скудетото и наредната сезона почна да ги крши Алесандре Пато уште во првата минута од мечот на „Сан Сиро“. Најверојатно раното водство ги збуни играчите на „нероаѕурите“ и во конфузија ја доведе тактиката на поранешниот играч на „росонерите“ сега на клупата на противникот, бразилскиот стратег Леонардо. Во ова конфузија се вклопи и македонскиот интернациоанлец Горан Пандев кој беше стартер во 275-то миланско дерби, а беше принудно замент откако во 64. минута Романецот Кристан Киву доби директен црвен картон откако пред својот 16-ник го собори вечерва извонредно расположениот Пато. Пато е херојот на Милан, бидејќи беше стрелец и на вториот гол. А Антонио Касано од пенал во 90. минута ги постави конечните 3:0, но во судиското продолжение непромислено стартуваше и придонесе мечот официјално да заврши израмнето барем што се однесува до бројноста на теренот. Како што споменавме, Пато му ја донесе на Милан 108-та победа наспроти 95-те триумфи на Интер во долгата историја на миланското дерби со голот во 44 секунда на додавање од Џенаро Гатузо а во 62. минута беше проигран од Кларенс Сидорф. Но бразилскиот голман на Интер, Хулио Сезар за разлика од своите соиграчи беше расположен и барем на трипати успеа да спаси сигурни погодоци на противникот. Колку „нераѕурите“ беа очајни во саботата навечер доволно сведочи фактот дека еден од најдобрите реализатори во светот Камерунецот Самуел Ето, при крајот на првото полувреме од само еден метар и осамен на десната статива од небранетиот гол на Милан само ја прати топката во гол-аут. Во второто полуврме, пак, Интер не успеа да создаде ни полушанса, препуштајќи ја домаинацијата на противникот.Сега Милан има пет бодови предност пред Интер, кој може да го падне на третото место доколку Наполи кој е зад него еден бод во недела го совалда Лацио. Претходно, во првиот меч од 31-то коло во Серија А, Бреша со 3:1 ја совлада Болоња. Домашните поведоа преку Перперим Хетемај во 3. и Давиде Заболи во 9. минута, во меѓувреме во 30. минута намали Марко ди Ваио,а конечниот резултат го постави Андреа Кадачоло во 65. минутаБреша е 17-та со 29 бодови и е уште во опасната зона, додека Болоња останува на 10-то место со 40 бодови. Во недела колото продолжува со мечевите Наполи – Лацио, Катанија – Палермо, Чезена – Фиорентина, Киево – Сампдорија, Џенова – Каљари, Лече – Удинезе, Парма – Бари и Рома – Јувентус. Рома на домашен терен, во дуел на екипи кои разочараа оваа сезона, ќе го пречека Јувентус. Рома сѐ уште има надеж дека може да стигне до четвртото место, додека Јувентус најпрвин ќе ја брани позицијата која му гарантира излез во Лига Европа. Жестоко во недела се очекува да биде и на сицилијанското дерби, каде силите ќе ги одмерат Катанија и Палермо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

