Спорт
Ракометарите на Партизан нападнати во Атина
Пласманот на ракометарите на Партизан од Белград во полуфиналето на Челинџ купот мина во сенка на инцидентот кој се случи на реваншот на оваа екипа против АЕК од Атина
Партизан во Атина победи со 24:23, но веднаш по завршувањето на натпреварот навивачите на АЕК влетале на теренот со намера да се пресметаат со нив. Неможејќи да влезат во тунелот кој води кон соблекувалните, играчите и раководството на Партизан се повлекле во еден агол од салата, каде домашните навивачи врз нив фрлале топовски удари и факели. Еден навивач, со фантомка на главата, со нож ги напаѓал ракометарите на Партизан. Како што пренесува телевизијата Б92, повикувајќи се на допосникот на Спортски журнал од Атина, линчот го спречиле домашните ракометари кои кога забележале што се случува, поставиле жив штитмеѓу гостинските ракометари и своите навивачи. Истиот извор наведува дека тренерот Брковиќ и физиотарапефтот Вучиќ се здобиле со повреди по рацете, стомакот и грбот од остар предмет, тренерот на голманите Радосављевиќ е погоден со факел во пределот на главата, со столица во грб бил погоден Радановиќ, Димитријевиќ бил удрен со шипка. Еден час по тешкиот инцидент „црно-белите“ ја напуштиле соблекувалната, а половина час подоцна под силно полициско обезбедување ја напуштиле Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сабаленка ја одбрани титулата на Ју-ес опен
Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД.
Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6.
Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек.
Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не успеа само на почетокот на годината да го освои Отвореното првенство на Австралија.
Ова е нејзина осма Гренд слем титула во кариерата.
Foto/ EPA
Спорт
Сензација каква што не памети Европа – Финска ја елиминира Србија
Кошаркарите на Финска ја приредија најголемата сеозанција на Европското првенство во кошарка, во осминафиналетоо ја елиминираа Србија со победата 92:86. Херој на Финска е Валтунен, 26-годишниот копаркар на Гранада кој постигна осум поени во клуните моменти од натрпреварот.
Почетокот намечот ја навести сензацијата. Финсите отворија со 11:1, со домонација во скокот и одличен шут за три поени (6/11). Србите уште во првиот период бркаа довфифрен минус.
Србија успеа да фати ритам во вториот период, а со тројката на Мициќ замина на полувреме со плус од летири поени.
Третиот период им приладна повторно на Финците кои на преноста на Србија одгоровија со серија од седум поени и повторно ја презедоа доминација во скокот.
Драмата кулминираше во последните четири минути кога на водствот на Србија од четири поени, Финците одговорија со нова серија за плус 4. Потоа на сцена стапи Валтонен која на 53 секунди до крајот и донесе на Финска 78:82. Кога Марканен погоди две слободни за плус 6 јасно беше дека Финците ќе ја испратат Србија дома.
Залудни за Србија беа 33-те поени на Никола Јокиќ со осум скока. Проблем беше што само Никола Јовиќк имаше двоцифрен број на поени, 20. Од друга страна, Марканен го оправда статусот на прва ѕвезда на Финска со 29 поени и осум скока. Јантунен постигна 15, а Литл и големиот херој Валтонен постигнаа по 13 поени.
Финска во четвртфиналето го чека победникот од натпреварот Франција-Грузија, кој ќе се игра во недела.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Галатасарај по Гундоган го сака Чалханоглу
Галатасарај сака преодниот рок да го заврши со уште еден звучен трансфер. Преодниот рок во Турција трае до наредната недела. .
Галатасарај го потпиша Илкај Гундоган, а сега редот за врска сака да го засили со Хакан Чалханоглу.
Клубот понудил 17 милиони евра, но Интер нема намера да го пушти Турчинот, особено не за таа сума. Сепак, во Галатасарај се убедени дека Чалханоглу ќе дојде:
„Хакан сака да дојде кај нас, но околностите не се поволни. Сепак, ние сме уверени дека ќе дојде. Ако не денес, тогаш утре. Порано или подоцна, Чалханоглу ќе го носи дресот на Галатасарај. Нека ја погледне кариерата на Гундоган и нека таа биде негова ѕвезда водилка. Хакан е млад и ние ја почитуваме неговата желба да ја заврши кариерата кај нас“, соопшти раководството на Галатасарај.
Foto/ X

