Спорт
Сиудад Реал и Лазаров против Фленсбург во Лигата на шампиони

Попладнево во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена се извлечени четвртфиналните двојки во Лигата на шампиони.
Попладнево во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена се извлечени четвртфиналните двојки во Лигата на шампиони. Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров со својот тим, шпанскиот Сиудад Реал за противник во оваа фаза ќе го има германскиот Фленсбург. Првиот натпревар Лазаров и тимот ќе го одиграат на гостински терен, реваншот ќе се одигра во Шпанија. Дерби пресметката во оваа фаза во Лигата на шампиони е дуелот помеѓу минатогодишните финалисти, вицепрвакот Барселона и актуелниот европски шампион Кил. На другите две средби Хамбург ќе игра со Чеховски медведи, а Рајн Некар Ловен за противник го доби францускиот Монпеље.Првите средби од четвртфиналето ќе се одиграат од 20 до 24 април, возвратните дуели на програмата ќе бидат од 27 април до 1 мај. крај/ehf/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брилијантниот Дончиќ и Словенија подобри од Авдија и Израел

Кошаркарите на Словенија ја остварија третата последователна победа во Групата Д на Евробаскетот. Словенците го победија Израел со 106:96.
Со победата Словенија се здоби со подобра позиција пред нокаут фазата со скор 3-2, но сè уште не знаат против кого ќе играат во осминафиналето.
Со победа, Израел ќе беше прв во групата, поразот ги однесе на четвртата позиција.
Натпреварот во Катовице, Полска, го обележа пресметката меѓу НБА ѕвездите, Лука Дончиќ и Дани Авдија, но суперѕвездата на ЛА Лејкерс покажа поголем квалитет.
Дончиќ го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скока и девет асистенции. Авдија на крајот имаше 34 поени, девет скока и две асистенции.
Кај Словенците се истакнаа Николиќ со 16, Радовиќ со 14, Омиќ со 11 и Хроват со 10.
Во таборот на Израел, Соркин додаде 14 поени, а Мадар 10 поени.
foto/ epa
Спорт
(Видео) Македонија во Прага загуби од Саудиска Арабија
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Саудиска Арабија (2:1), во пријателски натпревар одигран на стадионот на Викторија Жишков во Прага.
Саудијците славеа со пресврт откако Македонија дојде до предност со спектакуларниот гол на Алесандар Трајковски. Напаѓачот на Македонија погоди со ножички во 40.минута.
Предноста ја анулира Ал Брикан во финишот на првото полувреме.
Нерешениот резултат на семафорот стоеше до 78.минута, кога Ал Хамдан ја искористи конфузијата во нашата одбрана и со прецизен удар од 22 метри го совлада Димитиревски.
Следниот натпревар Македонија ќе го одигра в недела, кога во квалификациите за Светското првенство ќе го пречека Лихтанштајн.
Foto/ ffm.mk
Спорт
БиХ избори осминафинале на Евробаскетот

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на Европското првенство.
Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа.
Грузијците успеаја да анулираат предноста на Босанците од 15 поени, на седум минути до крајот резултатот беше 71:71 и тука застанаа. Во наредните нешто повеќе од пет минути, избраниците на поранечниот македонски селектор, Александар Џикиќ, не постигнаа ниту еден поен, противникот направи серија 9:0 и го реши мечот.
Грузија и покрај поразот се уште има шанса за пласман во нокаут фазата, , вечерва од 20.30 часот Грција треба да ја победи Шпанија.
Најдобри кај БиХ беа Јусуф Нуркиќ со 15 поени и 12 скока, Џон Роберсон додаде 15 со пет асистенции, а Александар Лазиќ имаше 13 поени.
За Грузија, Сандро Мамукеласвили постигна 20 поени со осум скока, Камар Болдвин постигна 18, а Гога Битадзе имаше 15 поени и пет скока. Целосно потвфрли најдобриот грузиски играч, Токо Шенгелија со шест поени, пет скока и четири асистенции.
Foto/ FIBA