Спорт
За 30 секунди реклама, 1,3 милиони долари

Мартовското лудило, како што е наречен финалниот дел од универзитетското првенство во кошарка во САД, заврши со финалето на Релајант стадионот во Хјустон. Конектикат го совлада Батлер со 53:41, пред 70.376 гледачи.
Мартовското лудило, како што е наречен финалниот дел од универзитетското првенство во кошарка во САД, заврши со финалето на Релајант стадионот во Хјустон. Конектикат го совлада Батлер со 53:41, пред 70.376 гледачи. Ова во САД е втор по гледаност настан во годината, по финалето во Супер Боул, американскиот фудбал.Телевизиските куќи CBS и Tuner Broadcasting платија 11 милијарди долари да ги осигураат правата на Мартовското лудило до 2025 година. Затоа пак приходите на годишно ниво од рекламирање на „Мартовското лудило“ изнесуваат повеќе од 650 милиони долари. Само 30 секунди реклама за време на финалниот меч чинеше 1,3 милиони долари. Неверојатно но вистинито е дека универзитетските натпревари во кошарка носат повеќе пари од плеј-оф натпреварите на НБА или во професионалната безбол лига. /крај/макфакс/м.н
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ачерби му се закани на навивач: Луд сум, ќе те претепам

Скандалозна сцена се случи за време на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, кога фудбалерот на Интер, Франческо Ачерби, му се закани на навивач на Пари Сен Жермен.
На видео кое се шири на социјалните мрежи, може да се види како навивач во дресот на ПСЖ се приближи до тренингот на Интер и го провоцира искусниот дефанзивец, потсетувајќи го на болниот пораз во финалето на Лигата на шампионите.
„Ачерби, Баркола!“ извика навивачот, алудирајќи на францускиот фудбалер кој одигра одличен натпревар против Интер.
Италијанскиот фудбалер не остана должен. Сосема изнервиран, Ачерби возврати со брутална закана: „Не ми се допаѓа да ме прават будала. Сериозен сум. Луд сум и ќе те претепам.“
Неговите зборови веднаш предизвикаа лавина од коментари во италијанските и европските медиуми, а некои навивачи веруваат дека дефанзивецот би можел да се соочи со дисциплински мерки за своето однесување.
Да потсетиме дека Интер се натпреварува во Групата Е од Светското клупско првенство, каде на стартот одигра нерешено со Монтереј, за кој настапуваат Серхио Рамос, Оливер Торес, Лукас Окампос и Хесус Корона. Следните предизвици за тимот од Милано ќе бидат дуелите против Урава Редс и Ривер Плата.
"Acerbi-Barcola no, perché io matto, io ti sfondo di botte" pic.twitter.com/r5PQKqyV6T
— Che strano account, Francesco (@drak3acm) June 20, 2025
Спорт
„Добриот дух“ го продолжи договорот со Нотингем Форест

Португалскиот тренер, Нуно Еспирито Санто го продолжи договорот со Нотингем Форест до 30 јуни 2028 година, објави англискиот клуб.
Еспирито Санто е менаџер на Нотингем Форест од 2023 година, а минатата сезона со клубот избори промоција во европските натпреварувања во организација на УЕФА за прв пат по 30 години.
„Воодушевен сум што можам да го продолжам моето патување во овој фантастичен клуб. Откако мојот тим и јас пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона. Би сакал да му се заблагодарам на нашиот сопственик Маринакис за неговата континуирана поддршка. Сега е време да работиме понапорно од кога било додека се стремиме кон уште подобри резултати“, рече Еспирито Санто.
Португалскиот тренер беше избран за менаџер на месецот во Премиер лигата три пати во текот на сезоната 2024/25.
„Минатата сезона, Нуно го предводеше Форест до победи на гости над Ливерпул и Манчестер Јунајтед за прв пат по 55 и 30 години, соодветно, како и до најдолгата победничка серија на клубот во првата лига од 1967 година“ – наведува веб-страницата на клубот.
Спорт
Ристовски се сели во Турција

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, ќе го напушти Динамо Загреб. „Спортске новости“ пишуваат дека кариерата ќе ја продолжи во Турција.
Според овој извор, Ристовски ќе се пресели во новиот член на турската Суперлига, Коџаелиспор.
Инаку интензивни преговори со овој клуб води и напаѓачот на Динамо, искусниот Бруно Петковиќ, а турските медиуми пишуваат и за потенцијалното доаѓање на Марко Пјаца. Со тоа, тројцата сенатори на Динамо повторно би играле заедно.