Спорт
Порто Виљареал и Бенфика со уверлива предност по првиот меч
Порто на домашен терен славеше со уверливи 5:1 во првиот четвртфинален меч од Европската лига во фудбал против Спартак од Москва
Играчот на Порто, Фалкао оствари хет трик (37`, 85` и 90+2`), а гол постигнаа и Варела (65`) и Маикон (79`). За Спартак единствениот погодок го постигна Комбаров (71`).Идентична победа постигна и Виљареал во мечот со Твенте. Головите за Виљареал ги постигнаа Марчена (22`), Валеро (43`), Нилмар (45+1`и 80`) и Роси (55`). За Твенте во судиското надополнение гол постигна Јанко.Уште еден холандски клуб покрај Твенте имаше очајна претстава. Во Лисабон Бенфика го победи ПСВ Ајндховен со 4:1. Стрелци за Бенфика беа Аимар (37`), Салвио (45` и 52`) и Савиола (90+4`), а за Холанѓаните погоди Лабјад (80`).Единствен нерешен меч се одигра во Киев. Динамо и Брага постигнаа по еден гол. Домаќините поведоа преку Јармоленко уште во 6 минута, а по автогол на Гусев осум минути подоцна Брага израмни. Во 61 минута беше исклучен Шевченко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јуриќ во една година три пати добил отказ
Иван Јуриќ очекувано доби отказ во Аталанта. Човекот кој забележа многу добри резултати на клупите на Верона и Торино помеѓу 2019 и 2024 година е во низа што ретко се гледа во врвниот спорт.
Хрватот беше отпуштен од Аталанта денес, точно на годишнината од неговото отпуштање од Рома (10 ноември 2024 година), а во меѓувреме беше назначен за тренер и отпуштен од Саутемптон.
Јуриќ ја водеше Рома 12 пати, Саутемптон 16 и Аталанта 15 пати пред шефовите да му се заблагодарат за соработката. За споредба, тој има 122 натпревари на клупата во Торино и 79 пред тоа во Верона.
Јуриќ го напушта клубот со резултат 4-8-3 и просек од 1,33 поени по натпревар. Ако на Ла Деа и се избришат резултатите од Лигата на шампионите, резултатот е уште подраматичен.
Аталанта ја остави на 13-то место на табелата во Серија А со резултат од 2-7-2.
Спорт
Дешан негира дека добил понуди од Јувентус и Бразил
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, потврди дека ги напушта „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година, но сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата потоа.
Дешан потврди дека разговарал со претставници на саудиски клуб за можна соработка откако ќе му истече договорот со француската репрезентација. Сепак, тој ги негираше гласините за можно враќање во Јувентус или преземање на бразилската репрезентација.
„Можеби имав некои контакти, не конкретно со нив (Бразил). Нема да зборувам за имиња, но тие ја знаат мојата ситуација“, рече Дешан.
Селекторот на Франција, исто така, нагласи дека неговата одлука да го напушти кормилото на „Триколорите“ на крајот од Светското првенство во 2026 година е конечна, без оглед на тоа каков резултат ќе постигнат Французите на Мундијалот.
Овој 57-годишен тренер ги предводи Французите од 2012 година. Под негово водство, „Триколорите“ станаа светски шампиони во 2018 година во Русија. Пред Франција, тој тренираше само три други клуба: Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј и освои трофеи со секој од нив.
Како фудбалер, Дешан играше за Нант, Бордо, Олимпик Марсеј, Јувентус, Челзи и Валенсија. Тој освои 15 трофеи, вклучувајќи две Лиги на шампиони со Марсеј (1993) и Јувентус (1996).
Спорт
Гвардиола откри кој е еден од најпаметните играчи што ги тренирал
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има исклучително мислење за актуелниот капитен на својот тим, Бернардо Силва. Шпанецот беше особено расположен по големата победа над англискиот шампион Ливерпул (3:0) во 11-то коло од Премиер лигата.
По овој натпревар, јубилеен 1.000-ти во неговата тренерска кариера, тој зборуваше со пофалби за неколку фудбалери со кои соработувал во претходните години, но особено го пофали Португалецот.
„Бернардо Силва е вистински фудбалски мајстор. Темпо, освојување на топката, забрзување и забавување, интуиција за гледање на просторот и како да управува во дадена ситуација, тој поседува сè. Слободно можам да кажам дека тој е еден од најпаметните играчи што некогаш сум ги сретнал“, рече Пеп Гвардиола.
Бербардо Силва се мачеше со својата форма минатата година, но оваа сезона е капитен на тимот.
„Не му беше лесно минатата сезона. Понекогаш ми велеше: „Пепе, исцрпен сум. Мојот ум повеќе не е тука, ниту моите нозе.“
Бернардо Силва (31) е производ на лисабонска Бенфика, но за овој клуб играше кратко време. Тој дојде во Манчестер Сити во 2017 година од Монако за 50 милиони евра. Оттогаш, одигра 422 натпревари за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, со учинок од 73 гола и 75 асистенции.

