Спорт
Работнички поразен од фенерџијата Пелистер
Неочекуваната победа на Пелистер на дуелот со Работнички ги фрла во сенка сите останати натпревари од 25-то коло во фудбалскиот шампионат на Македонија.
Неочекуваната победа на Пелистер на дуелот со Работнички ги фрла во сенка сите останати натпревари од 25-то коло во фудбалскиот шампионат на Македонија. На „Филип Втори“ во Скопје, тоталниот аутсајдер, Пелистер забележа победа од 1:2. Маневски уште по девет минути игра му донесе предност на Работнички, која во 23-та минута ја анулира Бујчевски, а Симоновски на десет минути до крајот му ја донесе на Пелистер само четвртата победа во шампионатот. Металург во малото скопско дерби забележа победа над Скопје со 2:1. Крстев и Ејупи беа стрелци за Металур, единствениот гол за Скопје го постигна Кировски од пенал. Илиев и Мандак постигнаа по еден гол за вкупна победа од 2:0 на екипата на Брегалница на гостувањето кај Тееткс. Без голови заврши пресметката помеѓу Турново и Напредок. Денеска од 16 часот лидерот на табелата Шкендија ќе игра против Силекс, додека колото утре ќе го комплетираат Ренова и Вардар. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

