Спорт
Во Полска судење на шест фудбалери за лажирање

Вкупно шест фудбалери деновиве ќе излезат пред судскиот трибунал во Полска обвинети за лажирање натпревар. Фудбалерите меѓу кои има поранешни и сегашни репрезентативци на Полска одговараат за местење на натпреварот Краков – Заглебје уште во мај 2006 година.
Вкупно шест фудбалери деновиве ќе излезат пред судскиот трибунал во Полска обвинети за лажирање натпревар. Фудбалерите меѓу кои има поранешни и сегашни репрезентативци на Полска одговараат за местење на натпреварот Краковиа – Заглебје уште во мај 2006 година. Шестмина фудбалери примиле 100.000 злоти (25.000 евра) за победа на Заглебје со која обезбедил место во Купот на УЕФА.Со оглед дека покрај парични казни предвиден е и затвор до 1 година, четворица од фудбалерите „пропеале“ и се договориле со судот за да избегнат лишување од слобода. Двајца од нив одбиле договор и ќе имаат одвоени процеси.крај/макфакс/м/н/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенер го надомести минусот од Истанбул, па од Ренџерс испадна во пенал рулетот

Глазгов Ренџерс последни изборија место во четвртфиналето во Лига Европа. „Полицајците“ во пенал рулетот го елиминираа Фенербахче.
Фенербахче успеа да ја надомести негативата од два гола про првиот меч во Истанбул. На „Ајброкс“, двата гола за Фенер ги постигна Шимански во 45. и 73.минута. Со резултат 2:0 заврши регуларниот дел, а не се менуваше ниту по продолженијата.
Играчите на Фенербахче беа поодбри на теренот, но не можеа да го постигнат третиот гол. Во финишот на второто продолженија во два наврати баар пенал, но судијата Ескас не се огласи.
Пенал серијата Ренџерс ја доби со 3:2. Ударите на Тадиќ и Фред во првата и четвртата серија ги одбрани Батланад, а во петтата Јандас шутираше над голот. Во редовите на Ренџерс само Хаџи не реализираше, Џан го одбрани неговиот удар.
Глазгов Ренџерс во четвртфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.
Спорт
(Видео) „Олд Трафорд“ го слави хет-трикот на Бруно, Одобер го однесе Тотенхем во четвртфиналето

Манчестер јунајтед и Тотенхем, заедно со Лион се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.
Манчестер јунајтед го победи Реал Сосиедад со 4:1 и со вкупни 5:2 го елиминитаа тимот од Сан Себастијан.
Три гола постигна Бруно Фернандеш ( два пати беше прецизен од белата точка), а четвртиот гол го постигна неговиот донародник Диото Дало.
Голот за Сосиедад, кој беше прв на овој натпревар од пенал го постигна Микел Ојерзабал.
По победата од 3:1 во Букурешт, Лион славеше над ФЦСБ и во Франција, овојпат со резултат 4:0.
Микаутадзе донесе водство во 14. минута, а до одморот преку Нуама, Олимпик го удвои водството.
И ова дуо беше во центарот на вниманието. Микаутадзе погоди во 47. минута, а Нуама во 88. минута го запечати триумфот.
Место во топ 8 избори и Тотенхем. Спарс во Лондон го совлада АЗ Алкмар со 3:1.
Одобер го отвори резултатот во 26. минута, Медисон во 48. го удвои водството, а во 63. Копмајнерс ја намали предноста на домашниот тим.
Херој на Тотенхем беше Одобер, кој погоди во 74. минута и му обезбеди на Тотенхем меч со Ајнтрахт Франкфурт.
Спорт
Чурлинов со Јагиелонија го мина Серкл Бриж, Николов со Борац испадна од Конференциската лига

Јагиелонија избори четвртфинале во Конференциската лига, а Борац Бањалука во драматичен натпревари испадна од ова натпреварување.
Јагиелонија го мина Серкл Бриж благодарение на победата во првиот меч од 3:0. Вечерва во Белгија, полскиот клуб загуби со 2:0. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Јагиелонија играше од 58.минута.
Борац Бањалука во Виена загуби од Рапид во продолженија и покрај тоа што имаше водство од 1:0. Австриците во четвртфиналето влегоа со голот на Швауб во 96.минута.
Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов на теренот влезе во 74.минута.