Контакт

Спорт

Мурињо против Тотенхем слави јубилеј, 500-ти натпревар како тренер

Објавено пред

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо утревечер ќе обележи голем јубилеј. На „Вајт Харт Лејн“ тој по 500 пат ќе води екипа како самостоен тренер.

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо утревечер ќе обележи голем јубилеј. На „Вајт Харт Лејн“ тој по 500 пат ќе води екипа како самостоен тренер. Кариерата на Мурињо започна на 23 септември 2000 година кога како тренер на Бенфика загубо од Боависта. Таа година првата победа како тренер на Бенфика ја забележал во четвртиот натпревар. Единаесет години подоцна Мурињо зад себе има 17 официјални титули: шест титули во националните првенства, три купа, три суперкупа, два Лига купа, две титули во Лигата на шампиони и еден Куп на УЕФА. Покрај тоа тој има можност да стане првиот во историјата на европскиот фудбал кој Лигата на шампиони ја освоил со три различни екипи. Досега има триумфирано со Порто и Интер, а со Реал е на добар пат вечерва се промовира во полуфиналист. крај/index.hr/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Погба: Не сакам Ливерпул да ја освојат титулата!

Објавено пред

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Французинот Пол Погба признава дека не му е драго што Ливерпул е толку доминантен сезонава во Премиерлигата. По 27 кола, „црвените“ се убедливо први на табелата со 79 бодови, дури 22 повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и само прашање на време кога математички ќе ја обезбедат титулата.

Ливерпул е на добар пат сезоната да ја заврши без пораз и така да го повторат рекордот на Арсенал.

Овие резултати не го радуваат Погба.

„Како играч на Јунајтед и поради ривалството меѓу двата клуба, не сакам да ја освојат титулата, но го почитувам противникот и морам да кажам дека Ливерпул ја заслужува позицијата на која е денес. Оваа сезона се уште подобри од претходната кога ја освоија ЛШ“ – изјави Погба за „ЕСПН“.

„Црвените“ од „Енфилд“ сезонава имаат 26 победи и едно реми, а нерешено одиграа токму против Јунајтед, есеноска на „Олд Трафорд“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дубаи: Ѓоковиќ и Чилиќ за 56 минути збришани во дубл

Објавено пред

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и неговиот партнер во двојки на турнирот во Дубаи, Хрватот Марин Чилиќ претрпеа елиминација за само 56 минути игра. Подобри од нив со 2-0 (6-2 и 6-2) беа носителите Рајев Рам и Џо Салсбури.

Ѓоковиќ и Чилиќ лошо го започнаа мечот, па по воведните 4-0 во првиот сет, противниците немаа мака да стигнат до воведни 1-0.

Во вториот сет српско-хрватскиот дубл поведе со 2-1, но следуваше неверојатен пад, па ривалите со 5 врзани поени стигнаа до триумф и пласман во следното коло.

Ѓоковиќ, за кого ова беше воведен пораз во 2020 година на петнаесетиот одигран меч се уште е во игра во Дубаи. Во сингл го очекува меч против Германецот Филип Колшрајбер.

За Чилиќ, пак, ова беше втор денешен пораз откако претходно доживеа елиминација и во сингл, од Беноа Пер.

Чилиќ елиминиран од Пер – не искористи четири меч топки

Прикажи повеќе...

Спорт

НБА, и се е можно – Џорџ „се прошета“ до кошот пред да забие (видео)

Објавено пред

Иако ноќеска во НБА лигата екипата на Лос Анџелес Клиперс со победата од 124-97 против Мемфис Гризлис стигна до 38 успеси во лигата сезонава, сепак денеска на социјалните мрежи најкоментирано е забивањето на Пол Џорџ.

Тој сосема сам, на средина на теренот доби една пресечена топка, по што тргна кон кошот на Гризлис. Кошаркарот направи 3, можеби и 4 чекори пред да ја забие топката во обрачот.

Судиите останаа неми, што не е првпат во најсилната светска лига да се прогледа низ прсти.

Погледнете:

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија4 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија4 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија6 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион7 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија8 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно10 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија10 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион10 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт12 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија12 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет12 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет23 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт23 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет24 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие