Спорт
Скапо платена победа на Лејкерси
Лејкерси во Стејплс Центарот го победија водечкиот во Западната дивизија Сан Антонио со 102:93, се изедначија по број на победи со Далас на второто место, но скапо ја платија победата.
Лејкерси во Стејплс Центарот го победија водечкиот во Западната дивизија Сан Антонио со 102:93, се изедначија по број на победи со Далас на второто место, но скапо ја платија победата.Само 13 минути помина на паркетот центарот Андре Бунум и го повреди коленото. Повредата дојде во најнезгоден момент, пред завршување на регуларниот дел од НБА и почетокот на плеј оф мечевите. Коби Брајант си ја оствари нормата со 27 поени и 6 скока, По Гасол (17 п. 17 ск. 5 ас.) и Ламар Одом (23 п. 7 ск.) го надополнија отсуството на Бунум под обрачите. За Сан Антонио Дејуан Блер имаше дабл дабл со 12 поени и 11 скокови, Гери Нил со само 16 поени беше најефикасен гостински играч.Њујорк Никс во Медисон Сквер Гарден го загуби мечот против Чикаго Булс со 90:103 поради слабо одиграната трета четвртина која гостите ја добија со 32:18. Кармело Ентони со 21 поен и 5 скокови беше најефикасен играч во Њујорк. За Чикаго одлично одигра тројката Денг, Роуз и Бузер. Дерик Роуз беше најефикасен со 26 поени, а Карлос Бузер (14 п. 22 ск.) и Луол Денг (23 п. 10 ск.) остварија дабл дабл.Портланд во Роуз Гарден арената го победи Мемфис со 102:89. Ламаркус Алдриџ беше најдобар поединец кај Блејзерси со 22 поени и 11 скокови, а Марк Гасол со 11 поени и 10 скокови беше најдобар кошаркар на поразениот тим.крај/макфакс/м/н/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до крајот на сезоната
Клубовите, сопственици на Евролигата, на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од подрачјата зафатени со воените дејствија, да бидат преместени на безбедини локации и таму да г играат натпреварите како домаќини.
Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.
Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и потенцијалните дуели од плејофот, потврди Евролигата.
Секако, причината за оваа одлука е војната во регионот од каде што доаѓаат овие три клуба.
Макаби речиси сигурно ќе се врати во Белград и во салата „Александар Николиќ“, каде што играше долго време за време на инвазијата на израелските трупи на Газа, додека Хапоел, како што стојат работите, ќе ги пречека своите ривали во Софија.
Хапоел веќе играше во главниот град на Бугарија во истиот период кога Макаби беше домаќин во Белград.
Кога станува збор за Дубаи, Сараево е првата опција за домаќинство на овој тим, но сепак, засега нема официјална потврда за оваа информација бидејќи се чека одобрение од властите од главниот град на БиХ.
До крајот на сезоната, сите три екипи ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.
Foto/ depositphotos
Спорт
Крај на сезоната за Родриго, ќе го пропушти и Светското првенство
Најлошите стравувања за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Родриго ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, со што ја заврши сезоната и ќе го пропушти Светското првенство.
Степенот на повредата, која ја здоби на натпреварот против Хетафе, беше потврдена со медицински тестови утрово, што е голем удар и за играчот и за неговиот тим, пишува „Марка“.
Само неколку минути по влегувањето во игра, Бразилецот несмасно падна и го повреди коленото. Тој сепак успеа да продолжи и да го одигра натпреварот до крај.
Родриго се врати на теренот против Хетафе по речиси еден месец пауза поради повреда.
Откако беше потврдена сериозна повреда на коленото, Реал Мадрид ќе има само двајца напаѓачи за гостувањето во Виго, Винисиус и Гонзало Гарсија. Мбапе е исто така повреден, додека Мастантуоно е надвор од теренот поради црвениот картон што го доби против Хетафе.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мбапе нема да игра до крајот на март
Килијан Мбапе, 27-годишната ѕвезда на Реал Мадрид и член на француската фудбалска репрезентација, веројатно ќе биде на пауза до крајот на овој месец, објавија француските медиуми во вторникот.
Французинот не беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во синоќа, каде што неговиот Реал неочекувано беше поразен со 1-0 од Хетафе во натпревар од Ла Лига, но беше во Париз, каде што беше подложен на дополнителни тестови на повреденото лево колено. Медицинскиот тим на Реал беше со него.
Потврдено е дека има истегнување на левото колено, повреда што Мбапе ја има од почетокот на декември минатата година. Исто така, беше одлучено дека операцијата не е потребна, но дека на Мбапе му треба „одмор и трпение“ во моментов.
Во наредните недели, Мбапе речиси сигурно нема да му помогне на Реал на теренот, кој не игра добро во првенството, каде што ги загуби последните два натпревари.
Реал Мадрид исто така има два исклучително тешки натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Можно е Мбапе да го пропушти пријателските натпревари на нациоалниот тим. Франција ќе игра пријателски натпревари против Бразил и Колумбија на 26 и 29 март на нивната турнеја во САД.
Со 23 гола, Мбапе е моментално најдобар стрелец во Ла Лига, а исто така е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 гола.
Foto/ depositphotos

