Спорт
Интер и Тотенхем уште еднаш поразени
Ланскиот победник во Лигата на шампионите Интер доживеа уште еден пораз во четвртфиналето од Шалке 04, а истата судбина но на домашен терен ја сподели и Тотенхем кој ба „Вајт Харт Лејн“ беше совладан од Реал
Најголемото изненадување во годинешниов циклус натпревари во Лигата на шампионите, германскиот претставник Шалке 04 се пласираше во полуфиналето каде ќе има двобој со Манчестер јунајтед. Реал Мадрид, пак, со пласманот им овозможи на фудбалските фанови овој месец да проследат вкупно четири „Ел Класико“, односно дуели со вечниот ривал Барселона: еден меч во првенството на Шпанија, фианлето во Копа дел Реи и двата во полуфиналниот дуел во Лигата на шампионите. Шалке по победата во Милано од 5:2 беше практично полуфиналист, и покрај заканите на Интер дека може да изненади како што тоа го стори на гости во осминафиналето против другиот германски претставник Баерн Минхен, иако по првиот меч на „Сан Сиро“ имаше негатива. шампионот беше разбиен со вкупен резултат 7:2, откако вечерва Германците славеа повторно, овојпат со скромните 2:1. Се покажа дека попусто беше куражењето на Леонардо дека може да се направи изненадување, кога ни самите фудбалери не веруваа во тоа, а пак и играчки не се поодготвени за такво нешто. Творец на победата на Шалке беше Раул Гонзалес, кој по првото полувреме кога Интер се обидуваше да дојде во водство, во 45. минута откако претходно неколкупати си поигра со гостинската одбрана, велемајсторски го совлада Хулио Сезар заобиколувајќи го откако ги остави да „висат“ последните играчи од последнито одбранбен ред на Интер. Ова беше 71 гол на Раул во Лигата на шампионите, или 72 во сите европски натпреварувања и е водечки на вечната табела на стрелците во ЛШ, со два гола предност пред Филипо Инзаги и пет пред Андри Шевченко. Но Раул, имаше огромен придонес и при постигнувањето на победничкиот погодок во 81 минута кога ги надмудри противниците давајќи одлична топка во празно за Бенедикт Хеведес. Претходно Интер успеа само да изедначи во 49 минута преку Тиаго Мота.Откако во првото полувреме гостите од Милано имаа само една поизразена прилика, и тоа по шут на Дејан Станковиќ (еден од петте кои завршија во рамките на голот од вкупно 20-те на Интер) кој беше фантастично одбранет од домашниот репрезентативен голман Неуер, Леонардо најпосле се сети во игра да го внесе Горан Пандев, што се чини повеќе беше очајнички обид затоа што целиот тим на „нераѕирите“ беше демотивиран и вќе помирен со судбината.Во Лондон, пак, Реал допатува со големи 4:0 и четата на Жозе Мурињо покажа дека само куртоазија беа претходно даваните изјави дека треба да се биде претпазлив во дуелто со Тотенхем. Секако ова потекнуваше најмногу од фактот што „спарсите“ до вечерва една година не беа поразени на нивниото игралиште, но вечерва на голот беше малерозниот бразилски голман Еурелио Гомеш кој со катастрофалната реакција на еден млак шут право во него упатен од Кристијано Роналдо успеа да ја смести топката во својата мрежа. Тоа се случи на почетокот од второто полувреме, откако Пављученко во првото полувреме промаши неколку убави прилики од кои најголемата во 25-та минута кога од десет метри осамен шутираше преку голот откако беше проигран од Ленон а во 60-та повторно по проигрување од Рафаел ван дер Ваарт од пред петерецот со глава шутираше над голот. Сепак со играта Тотенхем не ги разочара своите навивачи, и во текот на мечот на моменти беше и подобар противник, додека, пак, односот на играчите на Реал покажа дека Мурињо не дозволува опуштање во пресрет на дуелите со Барса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до крајот на сезоната
Клубовите, сопственици на Евролигата, на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од подрачјата зафатени со воените дејствија, да бидат преместени на безбедини локации и таму да г играат натпреварите како домаќини.
Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.
Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и потенцијалните дуели од плејофот, потврди Евролигата.
Секако, причината за оваа одлука е војната во регионот од каде што доаѓаат овие три клуба.
Макаби речиси сигурно ќе се врати во Белград и во салата „Александар Николиќ“, каде што играше долго време за време на инвазијата на израелските трупи на Газа, додека Хапоел, како што стојат работите, ќе ги пречека своите ривали во Софија.
Хапоел веќе играше во главниот град на Бугарија во истиот период кога Макаби беше домаќин во Белград.
Кога станува збор за Дубаи, Сараево е првата опција за домаќинство на овој тим, но сепак, засега нема официјална потврда за оваа информација бидејќи се чека одобрение од властите од главниот град на БиХ.
До крајот на сезоната, сите три екипи ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.
Foto/ depositphotos
Спорт
Крај на сезоната за Родриго, ќе го пропушти и Светското првенство
Најлошите стравувања за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Родриго ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, со што ја заврши сезоната и ќе го пропушти Светското првенство.
Степенот на повредата, која ја здоби на натпреварот против Хетафе, беше потврдена со медицински тестови утрово, што е голем удар и за играчот и за неговиот тим, пишува „Марка“.
Само неколку минути по влегувањето во игра, Бразилецот несмасно падна и го повреди коленото. Тој сепак успеа да продолжи и да го одигра натпреварот до крај.
Родриго се врати на теренот против Хетафе по речиси еден месец пауза поради повреда.
Откако беше потврдена сериозна повреда на коленото, Реал Мадрид ќе има само двајца напаѓачи за гостувањето во Виго, Винисиус и Гонзало Гарсија. Мбапе е исто така повреден, додека Мастантуоно е надвор од теренот поради црвениот картон што го доби против Хетафе.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мбапе нема да игра до крајот на март
Килијан Мбапе, 27-годишната ѕвезда на Реал Мадрид и член на француската фудбалска репрезентација, веројатно ќе биде на пауза до крајот на овој месец, објавија француските медиуми во вторникот.
Французинот не беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во синоќа, каде што неговиот Реал неочекувано беше поразен со 1-0 од Хетафе во натпревар од Ла Лига, но беше во Париз, каде што беше подложен на дополнителни тестови на повреденото лево колено. Медицинскиот тим на Реал беше со него.
Потврдено е дека има истегнување на левото колено, повреда што Мбапе ја има од почетокот на декември минатата година. Исто така, беше одлучено дека операцијата не е потребна, но дека на Мбапе му треба „одмор и трпение“ во моментов.
Во наредните недели, Мбапе речиси сигурно нема да му помогне на Реал на теренот, кој не игра добро во првенството, каде што ги загуби последните два натпревари.
Реал Мадрид исто така има два исклучително тешки натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Можно е Мбапе да го пропушти пријателските натпревари на нациоалниот тим. Франција ќе игра пријателски натпревари против Бразил и Колумбија на 26 и 29 март на нивната турнеја во САД.
Со 23 гола, Мбапе е моментално најдобар стрелец во Ла Лига, а исто така е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 гола.
Foto/ depositphotos

