Спорт
„Ел Класико“ го решава шампионот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/8270e63a-542d-43e1-854f-737d83e26a00.jpeg)
Најголемото фудбалско дерби во Шпанија, популарното „Ел Класико“ ќе го обележи 32-то коло во Примера дивизија.
Најголемото фудбалско дерби во Шпанија, популарното „Ел Класико“ ќе го обележи 32-то коло во Примера дивизија. На „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид, Реал и Барселона ќе го одиграат 210-от меѓусебен дуел. Барселона пред натпреварот влегува со предност од осум бода на врвот на табелата и со евентуална победа, на шест кола до крајот практично би ја осигурала титулата. Реал на домашен терен ќе бара одмазда за поразот од 5:0 во првиот меч кои тимовите го одиграа сезонава. Вечерашниот натпревар ќе биде првиот од вкупно четирите соочувања кои Реал и Барселона ќе ги имаат во следните 18 дена. Комплетни двојки од 32-то коло во Примера:Алмерија-ВаленсијаХетафе-СевиљаМалага-МајоркаНедела, 17 априлЛеванте- ХеркулесЕспањол-Атлетико МадридРеал Сосиедад-СпортингОсасуна-Атлетик БилбаоДепортиво -РасингПонеделник, 18 април 11Виљареал-Сарагоса. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Дејвис се повреди во дебито за Далас – Маверикс го победија Хјустон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1739053613-Entoni-Dejvis.jpg)
Далас Маверикс во првиот меч пред домашната шублика, по трејдот на Лука Дончиќ, во дербито на тексас го победија Хјустон со 116:105. Спектакуларно деби имаше Ентони Дејвис.
Ол стар играчот, кој како дел од размената за Дончиќ пристигна во Далас, за нешто помалку од 31 минута на теренот забележа 26 поени, 16 скокови, седум асистенции и три блокади. Особено импресивен беше во првото полувреме, кое го заврши со 24 поени, 13 скокови, пет асистенции и три блокади.
Она што може да биде проблем за Далас е што Дејвис се повреди во третиот период. Замина во соблекувалната не се врати на теренот.
Anthony Davis went to the locker room after suffering a non-contact injury on this play.
(via @BleacherReport)
pic.twitter.com/X1sSp5LvTC— Yahoo Sports (@YahooSports) February 8, 2025
Далас фуриозно го отвори натпреварот, во еден момент, во втората четвртина, Маверикс водеа со 21 поен разлика, а во првиот дел постигнаа 65 поени.
Хјустон успеа да се врати во мечот, ја намачли разликата на четири поени, но Далас сепак до крајот успеа да ја задржи контролтата. Во последната четвртина лесно ја одржуваа преноста помеѓу седум и девет поени.
Покрај Дејвис во тимот на Далас најефикасни беа Кристи со 23 и Маршал со 16 поени. Ирвинг и Томпсон постигнаа по 13 поени.
За Хјустон Шенгун постигна 30 поени со осум скока, Грин 24 поени, а Томпсон 20 со седум украдени топки.
Далас сега има биланс од 28 победи и 25 порази, Хјустон има 32 победи и 20 порази.
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Челси од ФА купот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-11.jpg)
Фудбалерите на Брајтон успеаја да направат големо изненадување и да го елиминираат Челзи во четвртото коло на ФА Купот.
„Галебите“ беа подобри на домашен терен по пресвртот од 2:1.
Челзи поведе по само пет минути игра кога голманот на Брајтон, Вербурген, ја смести топката во сопствената мрежа.
Сепак, предноста на Челзи не траеше долго, бидејќи Брајтон успеа да израмни во 12. минута кога погоди Жоржињо Рутер.
Со тој резултат играта отиде во долга пауза, за во второто полувреме да дојде до пресврт.
Победата на Брајтон му ја донесе асистентот за првиот гол, Јапонецот Митома во 57.минута.
Спорт
(Видео) Алварез и Мбапе прв пат стрелци во градското дерби – Реал и Атлетико ремизираа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12807892-1.jpg)
Мадрилењо дербито одиграно во 23.коло на „Сантијаго Бернабеу“ зарши без победник 1:1 (0:1). Разликата меѓу Реал и Атлетико остана еден бод, а утре доколку Барселона победи ќе се доближи на бод до Атлетико и два до Реал.
Интересен натпреварто одиграа Реал и Атлетико. Гостите беа многу поопасни во првиот дел, кога ништо не функционираше во играта на Реал. Тактиката на Чоло Симеоне целосно ги исклучи од играта на Реал Винисиус и Мбапе. Единствен кој се обидуваше да направи нешто беше Родриго. Реал не упати удар во рамките на голот на Атлетико во првиот дел.
ВАР во 35. минута се огласи по стартот на Чуамени врз Лино. Хулијан Алварез со паненка го постигна првиот гол во градските пресметки.
По голот, кога нервозата се вовлече во играчите на Реал, Атлетико имаше три опасни напади, два пати одлични реагираше Чуамени, кој ги блокираше ударите на Лино и Алварез, а ударот на Галан, кој гаѓаше во спротивниот агол заврпи крај голот.
Во вториот дел Реал излесе со отворен гард, се редеа нападите пред голот на Алтеико. Израмно Мбапе во 50.минута, откако Хименез го блокира ударот на Белингем, Французинот од 10 метри ја погоди целта.
Веќе во следниот напад Белингем ја погоди гредата, а десетина минути подоцна Англичанецот во чиста позиција лоши биеше со глава и му овозможи лесна интервенција на Облак. Реал до крајот имаше уште една опасна акција, кога од 20 метри ударот на Родриг заврши крај голот.
Атлетико во вториот дел и покрај тоаш што беше дефанзивно оријентиран, имаше четири-пет опасни напади, но секогаш недостигаше завршното додавање.