Спорт
Два златни медала за карате сениорите во Србија
Македонската карате репрезентација рано утрото во недела (17 април) се врати од Србија, каде во Чачак на интернационалниот турнир нашите најдобри каратисти повторно се враќаат со голем број освоени медали
Овој турнит во Чачак имаше и јубилејен карактер со непрекинато организациско постоење од 40 години, а викендов се натрпеваруваа 800 каратисти од 150 карате клубови, дидека во посебниот дел се натпреваруваа десет сениорски репрезентации во своите најсилни состави – Русија, Шпанија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Македонија и домаќинот Србија. Македонските каратисти освоија вкупно пет медали од кои два бронзени, сребрена и два златни медала. Најнапред нашата најдобра каратистка Наташа Илиевска од клубот Макпетрол, во категоријата на -55 килограми се закити со бронзен медал, а веднаш потоа Емил Павлов од Штип, во категоријата -60 кгр исто така стигна до бронзениот медал.Во најсилната дисциплина мажи екипно борби, македонските момчиња со три убедливи победи во елиминацискиот дел против екипите на Војводина, Србија 2, и силната репрезентација на Русија се пласираа во финалето, кое се одржа во вечерните часови со директен телевизиски пренос.Македонските каратисти, во финалниот натпревар кој се одржа во преполната сала на кошаркарскиот клуб Борац од Чачак, не потклекнаа против Светскиот официјален првак Србија. Напротив, во една неизвесна борба која заврши нерешено 2-2 и со помош и асистенција на судиите, светските прваци победија со само еден поен разлика на освоени поени во вкупниот збир од натпреварот. Сребрениот медал во екипниот натпревар за нашите момчиња беше со златен сјај и од причина што до петтиот натпревар Македонија беше во водство со два поени предност, таа разлика, судиите ја намалија со доделување на непостоечки казни на нашите каратисти.Македонската доминација и квалитет се потврди во подоцнежните настапи во двете најсилни и најголеми тежински категории успеавме да се искачиме на победнилкиот пиедистал. Најнапред нашиот најдобар каратист Жарко Арсовски од Макпетрол, во тешка категорија + 84 кг со пет последователни победи успеа да го освои златниот медал. Да споменеме дека во полуфинале Жарко го победи убедливо Шпанскиот репрезентативец Фернандез со 2-0 , а потоа во финалето се сретна со преставникот на Црна Гора Цецуњанин и го совлада со резултат 1-0.Неговиот постар брат Сашко Арсовски од Штип, во полутешка категорија -84 кг исто така со пет пследователни победи го освои златниот медал. Сашко во финалната борба го победи преставникот на Хрватска со резултат 4-1. Во екипниот дел Сашко се сретна и со официјалниот светски првак во оваа категорија Србинот Битовиќ и овој натпревар заврши нерешено 0-0.„Многу сум задоволен од настапот на нашите репрезентативци на овој силен турнир.Турнирот преставуваше последна контрола пред Европското првенство кое треба да се одржи во Цирих од 6 до 8 мај годинава. Посебно ме радува податокот што нашите докажани каратисти: Наташа Илиевска, Огнен Груевски, Сашко Арсовски, Жарко Арсовски и Мартин Несторовски, го докажаа својот раскошен талент и квалитет.Сите тие се рангирани спортисти од светска категорија и стипендисти на државата Македонија .На овој турнир, како и на сите изминати контроли во оваа периодизација (Париз, Ротердам, Милано и Сараево), покажаа дека со право го носат епитетот најдобри“, изјава селекторот на македонските каратисти, Бошко Заборски кој додаде дека во продолжени преостануваат успешно да се реализираат и последните подготовки кои ќе се одржат во Струга и сосема подготвени репрезентативците да заминат на претстојното европско првенство во карате.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.