Спорт
Реал го загуби трофејот

Фудбалерите на Реал Мадрид, кои синоќа ја совладаа Барселона со 1:0 и по 1993. година повторно го освоија Купот на кралот, го уништија пехарот.
Фудбалерите на Реал Мадрид, кои синоќа ја совладаа Барселона со 1:0 и по 1993. година повторно го освоија Купот на кралот, го уништија пехарот. За време на синоќешната прослава во Мадрид, фудбалерите се возеа со панорамскиот автобус низ центарот на градот отпоздравувајќи им на симпатизирите, кога во еден момент Серхио Рамос загуби рамнотежа и трофејот му падна директно пред предното тркало на автобусот, кој мина преку него. Она што многумина не го очекуваа, повторно се случи. Реал го доби трофејот на терен, но го загуби на улиците на Мадрид. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Овиедо по 24 години се врати во Примера

Овиедо по 25 години се врати во елитниот ранг на шапнскиот фудбал. Во дрматичниот реванш против Мирандес, Овиедо победи по продолженијата со 3:1. Херои на победата на Овиедо се ветераните Санти Казорла и Франциско Портиљо.
Натпреварот не започна добро за тимот од Астурија, бидејќи Аргентинецот Хоакин Паничели во 19-та минута постигна гол за Мирандес и ја зголеми предноста на неговиот тим во вкупниот резултат на 2:0.
Овиедо изедначи од пенал во 39-та минута. Стрелец беше 39-годишниот Санти Казорла.
По паузата, во вториот дел Овиедо тргна за се или ништо. Во 52-та минута Мароканецот Иљас Шаира, позајмениот играш на Џирона го комплетираше пресвртот и го изеначи резултатото во вкупниот скор.
Во регуларниот тек натпреварот заврши 2:1, а во просолженијата во апсолутен херој се претвори 35-годишниот Франциско Портиљо. Тој во 103-та го постигна третиот гол, што значеше и пласман на Овиедо во Примера.
На клупата на Овиедо седи спрскиот тренер Вељко Пауновиќ. Во марто го презеде тимот и преку плеј-офот успеа да избори промоција во Примера.
Интересно Пауновиќ играше за Овиедо во 2000/2001 кога клубот по поразот од Мајорка (4:2) испадна од елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Претходно промоција во Примера изборија Леванте и Елче.
THE FANS STORM THE PITCH AS OVIEDO WIN THE LALIGA PROMOTION FINAL AND ARE BACK IN THE FIRST DIVISION FOR THE FIRST TIME IN 24 YEARS 🔥 pic.twitter.com/kIqPtkSy6h
— ESPN FC (@ESPNFC) June 21, 2025
Спорт
(Видео) Интер во 92.минута ја скрши Урава

Фудбалерите на Инер со тешка мака ја забележаа првата победа на клупскиот Мундијал. Со гол во 92.минута Интер ја победи Урава со 2:1.
Урава го шокира европскиот вице првак во 11.минута. Брилијантната акција на Канека со гол ја заврши Ватанабе.
До крајот на првото полувреме, Интер имаше две одлични шанси за израмнување, прво Лаутаро Мартинез шутираше над голот од добра позиција во 20-та минута, а пет минути подоцна Залевски беше блокиран во последен момент.
Интер продолжи да притиска во продолжението, но не беше премногу опасен по голот на Урава. Димарко ја имаше најдобрата шанса во 55-та минута, фати волеј, но топката помина над голот на Урава.
Шансата на Барела во 72-та минута беше само најава за тоа што требаше да се случи шест минути подоцна. Лаутаро Мартинез постигна прекрасен гол, шутираше од седум метри со ножички, покрај збунетите Јапонци за израмнување.
Тоа им даде крилја на Италијанците, кои во 90+2 минута стигнаа до пресврт и победа со голот на Карбони.
Спорт
(Видео) Оби Микел: Џексон и претходно правел вакви глупави грешки

Фудбалерите на Фламенго го победија Челзи со 3:1 во натпреварот од второто коло на Светското клупско првенство. Англичаните поведоа со голот на Педро Нето во 13-тата минута, но Бразилците доминираа во второто полувреме. Прво, Бруно Енрике израмни во 62-та минута, додека Данило постигна гол во 65-та минута за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Волас Јан во 83-та минута.
Работата на Фламенго му ја олесни Николас Џексон, кој доби директен црвен картон во 68-та минута. Сенегалскиот напаѓач влезе во игра четири минути претходно, а неколку моменти подоцна го удри Лукас Аиртон со високо крената нога. Судијата веднаш го исклучи и го остави Челзи со десет играчи.
Mikel didn’t hold back 😳
“Jackson needs to have a look at himself.”
John Obi Mikel had plenty to say after that red card.Catch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every game. Free. | https://t.co/i0K4eUu4lJ | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/HHyiKK68ax
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 21, 2025
Џон Оби Микел (38), пензиониран нигериски играч од средниот ред кој играше за Челзи од 2006 до 2017 година, жестокот го критикуваше Џексон. Оби Микел работи како стручен коментатор за DAZN, кој го емитува Светското клупско првенство.
„Невидено. Глупава, глупава, глупава грешка. Не знам што му беше во главата. Влегуваш во натпреварот, губиш со 2:1, тимот има потреба од тебе. И го правиш тој потег. Не му е прв пат. Истото го направи и против Њукасл во многу важен натпревар во борбата за Лигата на шампионите. Тогаш црвен, сега повторно. Не можеш постојано да ги правиш истите грешки.“
Кога водителката Кели Сомерс го праша дали Џексон можеби бил фрустриран што не играл од првата минута, Микел одговори: „Не ме интересира дали тоа го фрустрира. Ова е голем клуб, станува збор за конкуренција. Ако сте лути затоа што доаѓа Делап (нов играч на Челзи) кој ќе ви биде конкуренција, прифатете го тоа. Ако сте одличен играч, мора да знаете како да се борите за место. Тоа е единствениот начин да освоите трофеи.“