Спорт
Шалке оди на победа и против Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Шалке утревечер ќе бидат домаќини на првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, каде за противник ќе го имаат Манчестер Јунајтед.
Фудбалерите на Шалке утревечер ќе бидат домаќини на првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, каде за противник ќе го имаат Манчестер Јунајтед. Тренерите на обата клуба најавија дека со нетрпение го очекуваат почетокот на мечот. „Нема да играме на 0:0. Сакаме да победиме и во овој натпревар и ќе играме како против Интер пред две недели“, изјави тренерот на Шалке, Ралф Рангник за англиското списание „Сан“. Неговиот колега од клупата на манчестер Јунајтед Алекс Фергусон истакна дека ужива во ваквите мечеви. „Обожувам кога сезоната ќе се приближи кон крајот и секој натпревар е од огромно значење. Сè се случува брзо и без право на грешка, а верувам дека на крајот ќе бидеме задоволни“, рече Фергусон за англиските медиуми. Најдобар стрелец на Лигата на шампионите, со 71 гол, е напаѓачот на Шалке Раул Гонзалес. Тој трипати во кариерата го освои ова натпреварување, настапувајќи за Реал Мадрид. „Сонувам за тоа да го победиме Манчестер Јунајтед, а потоа во финалето да се сретнеме со Реал“, рече Раул. Капитенот на Манчестер Немања Видиќ истакна дека тоа што неговиот тим има улога на фаворит, не значи многу. „Шалке постигна пет голови во Милано, против Интер. Тоа мора да се почитува. Ниту еден тим што ќе дојде до полуфиналето на Лигата на шампионите не е за потценување“, оцени Видиќ. Второто полуфинале ќе го играат Реал Мадрид и Барселона. Реванш мечот меѓу Јунајтед и Шалке ќе се игра на 4. мај. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

