Контакт

Спорт

Раул:Сè е можно во реваншот

Објавено пред

Напаѓачот на германскиот фудбалски клуб Шалке Раул Гонзалес рече дека верува дека неговата екипа може да се пласира во финалето на Лигата на шампионите(ЛШ), и покрај поразот од Манчестер Јунајтед од 0:2.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот на германскиот фудбалски клуб Шалке Раул Гонзалес рече дека верува дека неговата екипа може да се пласира во финалето на Лигата на шампионите(ЛШ), и покрај поразот од Манчестер Јунајтед од 0:2. Шалке синоќа во првиот полуфинален меч на ЛШ во Гелзенкирхен загуби од Манчестер со 0:2. Головите за англискиот тим ги постигнаа Рајан Гигс во 67. минута и две минути подоцна на Вејн Руни. Реванш мечот ќе се игра на 4. мај на Олд Трафорд. „Во реваншот сè е можно. Не знаеме што може да се случи – пенал за нас, исклучување на некој фудбалер на Манчестер Јунајтед. Во фудбалот ништо не е невозможно“, изјави Раул. Натпреварот на Олд Трафорд би можел да биде последен за Раул во ЛШ, бидејќи Шалке во моментот се наоѓа на 10. место на табелата во Бундес лигата и нема шанси да се пласира во елитното натпреварување следната сезона. /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Солзи, емоции, тага, болка: Првиот натпревар на Ливерпул по трагичната смрт на Диого Жота

Објавено пред

Фудбалерите на Ливерпул попладнево одиграа пријателски натпревар против Престон во предсезоната, но прв во Англија по трагичната смрт на Диого Жота.

dobivaj vesti na viber

Затоа, целиот стадион му оддаде почит на португалскиот напаѓач, како и на неговиот брат Андре Силва.

Клаудија Роуз Магваер, сопругата на поранешниот играч на Престон и голем навивач на Ливерпул, Шон Магваер, ја отпеа песната „Can’t Help Falling In Love“.

 

Потоа, беше пуштена химната на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“, која целиот стадион ја отпеа и ја посвети на Жота.

Во тоа време, капитенот на Престон, Бен Вајтман, положи венец пред делот од трибината каде што се наоѓаат навивачите на Ливерпул.

 

На сите билборди околу стадионот беа поставени фотографии од Диого Жота и Андре Силва, а играчите од двата тима носеа црни ленти на дресовите.

Прикажи повеќе...

Спорт

Продолжува доминацијата на Марк Маркез

Објавено пред

Возачот на Дукати, Марк Маркез, денес победи на Големата награда на Германија и го зголеми своето водство во генералниот пласман.

dobivaj vesti na viber

Во 200-тата трка во својата кариера, Маркез водеше од првиот до последниот круг и победи со време од 40:42.854 минути.

Тој ја постигна својата деветта победа на патеката Заксенринг.

Тоа беше неговата 95. победа во кариерата, а 69. во „кралската“ класа. Само познатиот Валентино Роси има повеќе во Мото ГП – 89.

Шпанскиот возач има седум победи оваа сезона, од кои четири се последователни, а во саботата победи и во спринтот.

Неговиот помлад брат Алекс Маркез денес го освои второто место, со заостанување од 6,380 секунди.

Франческо Бањаја од Дукати беше трет со заостанување од 7,080 секунди.

Возачот на Јамаха, Фабио Куартараро стигна до четвртото место, додека Фермин Алдегер од Гресини беше петти.

Марк Маркез е прв со 344 поени, пред Алекс Маркез кој има 261 и Бањаја со 197 поени.

Шампионатот продолжува следниот викенд, а трката за Големата награда на Чешка се одржува во недела во 14 часот во Брно.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Солзи, гол и болка – Ди Марија се врати дома, момент за паметење

Објавено пред

Аргентинецот Анхел ди Марија (37) долго ќе го памети својот прв натпревар за Росарио Централ откако се врати во клубот по долга европска кариера.

dobivaj vesti na viber

Росарио и Годој Круз ремизираа (1:1) пред преполниот стадион „Гиганте де Арохито“ пред 48.000 навивачи. Навивачите се собраа во голем број, од кои многумина останаа надвор од стадионот, за човекот чие враќање го чекаа 18 години.

Ди Марија се врати и долго ќе го памети натпреварот за враќање за својот сакан клуб, на подобро или на полошо.

Славниот Аргентинец излезе на теренот како член на првиот состав на домашниот тим со солзи во очите, емоциите го совладаат, а во 78-та минута тие еруптираа. Ди Марија постигна гол од пенал и го прослави како да е прв во неговата кариера или најважно, беше во екстаза, додека целиот стадион го скандираше неговото име во делириум.

 

Во тој момент живееше како бајка.

А потоа – шок.

 

Во 89-тата минута не можеше да продолжи, не можеше ниту да се движи. Повредата на мускулите на тетивата си го зема данокот, Ди Марија мораше да биде изнесен од теренот на носилки и најверојатно ќе отсуствува долго време.

Како што стапна на теренот, така и го заврши натпреварот – во солзи.

Но тоа не беше единствениот „студен туш“ за навивачите на Росарио, вториот дојде во петтата минута од судиското продолжение кога Висенте Поџи постигна гол и му донесе бод на Годој Круз.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и...

Македонија3 часа

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

Зголемена фреквенција на возила и чекање од околу еден час се евидентирани на граничните премини Табановце и Богородица, информира Авто-Мото...

Свет4 часа

Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз...

Топ5 часа

Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро,...

Македонија5 часа

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи...

Македонија7 часа

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година...

Економија7 часа

Пуштени во употреба првите 20 клилометри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој...

Македонија9 часа

Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле...

Македонија12 часа

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија12 часа

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...

Култура12 часа

(Видео) Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со...

Топ14 часа

Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно...

Македонија14 часа

Македонија под топлотен бран, температурите до 38 степени

Македонија денеска е под влијание на топол воздушен бран што носи високи температури и претежно сончево време. Според Управата за...

Македонија1 ден

Ангелов: Најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори...

Македонија1 ден

Обезбедување од МВР ќе ја чува Данела Арсовска 24 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка...

Македонија1 ден

ОЈО сомничи двајца за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја...

Македонија1 ден

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија1 ден

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија2 дена

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....

Македонија2 дена

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...