Спорт
Арсенал ја продoлжи неизвесноста во Премиер
Со голот на Аарон Ремзи во 56 минута, Арсенал го совлада водечкито Манчестер јунајтед на „Емирати“ со што го доближија Челзи на само три бода од врвот на Премиершип
До крајот на англискoто фудбалско првенство остануваат уште три кола, а веќе во следното на „Олд Трафорд“ ќе се судрат Манчестер јунајтед и Челзи. Со еветнуална победна на „сините“ тие ќе се изедначат бодовно со „црвените ѓаволи“ и во последните две кола ќе биде многу интересно.Неизвесноста околу годинешниот англиски првак ја врати 20-годишниот играч на Велс, Аарон Ремси кој во 56 минута искористи убава асистенција на Робин ван Перси кој му побегна на Патрис Евра, и ја протна топката низ нозете на Мајкл Карик. Треба да се додаде дека „топчиите“ се чини оправдано протестираа во 32 минута, кога бараа од судијата Крис Фој да досидина најстрога казна откако топката во шеснасетникот на гостите беше со рака мрдната од одбранбениот играч Немања Видиќ, пред налетот на ван Перси. Англиските медиуми го обвинуваат судијата Фој дека го расипал дербито пропуштајќи уште во неколку наврати да досуди најстроги казни на двете страни. Сер Алекс Фергусон по водството на домаќините се обиде да дојде до поволен резултат со воведувањето на ветераните Димитар Бербатов и Мајкл Овен, но сепак најдобрата можност за израмнување Манчестер јунајтед ја имаше во 77 минута, преку Нани кој беше одлично проигран од Вејн Руни но шутираше директно во домашниот голман Војчех Шчечни. Манчестер јунајтед остана лидер на табелата со 73 бодови, но сега зад него се ланскиот шампион Челзи со 70 и Арсенал со 67 бодови.Многу потешко од предвидувањата Манчестер сити во попладневниот натпревар од 35 коло од Премиер лигата со 2:1 го совалда последниот на табелата Вест хем. Манчестерските „граѓани“ до победата дојдоа со головите на Де Јонг во 10 и автоголот на Јакобсен во 15 минута, а гостите намалија во 33 минута преку Џемба Ба. По вчерашниот пораз на Тотенхем во лондонското дерби протви Челзи (1:2), Сити има седум бодови предност на четвртата позиција пред „спарсите“ и Ливерпул и голема шанса да ја задржи позицијата којашто води во квалификациите во Лигата на шампионите. Ливерпул со головите на Родригез во 10, Дирк Кајт во 59 од пенал и Суарез во 65 минута со 3:0 го совлада Њукасл, со што го мина Тотенхем на петтата позиција на табелтата, но „спарсите“ имаат и меч помалку. Њукасл е безбеден на 12-то место со 41 бод.Бирмингем и Вулверхемптон во борбата за опстанок ги поделија бодовите, иако гостите на кои им беа многу попотребни поведоа уште во 7 минута преку пеналот што го реализираше Флечер, а домаќините изедначија дваерсет минути подоцна преку Ларсон. Бирмингем е 15-ти со 39 бодови, а Вулверхемптон останува претпоследен 19-ти со 34 бодови, еден помалку од 17-та позиција која гарантира опстанок а на која моментално е Блекпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Крвнички старт на Ридигер, евро-гол на Сатријано, два црвени картони и пораз на Реал од Хетафе
Фудбалерите на Хетафе, забележаа сензационална победа (0:1) на „Сантијаго бернабеу“, против Реал Мадрид во последниот натпревар од 26-то коло на шпанското првенство. Ова е прва победа на Хетафе на „Бернабеу“ по 18 години, односно од победата од 1:0 на 24 февруари 2008 година.
Гостите победија благодарение на спектакуларниот гол во 39-та минута, кога напаѓачот Мартин Сатријано ја затресе мрежата.
Сè и сешто имаше во малото мадридско дерби… Ужасниот страт на Ридигер, прекрасниот гол на Сатријано, нападите на Реал и два црвени картони во финишот.
Реал го контролираше натпреварот од самиот почеток, но Хетафе прв се закани. По центаршутот на Мауро Арамбари, левиот бек Диего Рико го гаѓаше подалечниот агол во 10-та минута, но Трент Александар-Арнолд и голманот Тибо Куртоа, успеаја да спреќат водство на аутсајдерот. .
Домашниот тим имаше фантастична можност три минути подоцна, кога топката ја загуби стоперот Себастијан Босели како последен играч во одбраната на Хетафе.
Винисиус излезе сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, но капитенот на гостите го одбрани неговиот удар.
Страстите зовреа по крвничкиот старт на Антонио Ридигер, врз Рико.
Германецот прво го фаулираше поранешниот фудбалер на Борнмут во нападот во 25-та минута, а потоа во следната акција го удри Шпанецот со колено во главата, додека Рико веќе лежеше на земја. Хетафе доби прекршок, но главниот судија не покажа картон, додека Рико врескаше од болки.
Шпанците веднаш ја нализираа целата ситуација и согласни се дека Ридигер морал да добие црвен картон.
— Has vini done 10x today? (@10xVini) March 2, 2026
Во 39-та минута се случи клучниот момент кога Сатријано фати полуволеј за водство на Хетафе.
Во второто полувреме, Реал целосно го „задуши“ противникот со својата игра, но не успеа да постигне ниту еден гол и да избегне пораз.
Четири одлични шанси имаше Реал, но играчот на натпреварот голманот Давид Сорија не дозволи да биде совладан.
Тензијата беше на високо ниво во текот на целиот натпревар, а на крајот, напаѓачот на Реал, Франко Мастантуоно, доби директен црвен картон откако нешто му дофрли на судијата.
Тоа се случи во петтата минута од судиското продолжение во второто полувреме, а само две минути подоцна, играчот на Хетафе, Адриан Лисо, доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.
На поразот на Реал најмногу се израдуваа во Барселона, Каталонците по 36 рунди имаат четири поени повеќе од најголемиот ривал и речиси отворен пат кон шампионската титула.
Foto/ EPA
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.

