Спорт
Мурињо си заминува?
Според пишувањето на шпанските медиуми португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо е пред напуштање на Реал Мадрид а на негово место екипата треба да ја преземе Аргентинецот Марсело Биелса.
Според пишувањето на шпанските медиуми португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо е пред напуштање на Реал Мадрид а на негово место екипата треба да ја преземе Аргентинецот Марсело Биелса.Жозе Мурињо не успеа да ја прекине неколкугодишната доминација на Барселона во шпанскиот фудбал и се најде на удар на жестоките критики поради дефанзивната и деструктивна игра што Реал Мадрид ја демонстрираше во четирите изминати дербија со најголемиот ривал одиграни во изминативе три седмици. Иако челниците на „кралскиот клуб“ јавно го поддржуваат Мурињо, извори од клубот тврдат за шпанските медиуми дека Португалецот е веќе отпишан.Според овие написи, наводно директорот на мадридски Реал, Хорхе Валдано веќе подолго време е незадоволен со играта што ја покажува извонредно скапата екипа а сето незадоволство кај него кулминирало по четирите „Ел Класика“ против Барселона во која неговите фудбалери „играле рагби а не фудбал“. Статистичарите пресметаа дека фудбалерите на Реал вкупно 105 пати ги фаулирале играчите на Барселона, заработувајќи притоа три црвени и 15 жолти картони.Според истите извори, наводно и Мурињо немал ништо против да го напушти Реал, а во прилог на тоа се забележуваат неколку негови претходни изјави во кои Португалецот велеше дека посакува да се врати во Англија. Како наследник на Мурињо на клупата на „кралевите“ се споменува аргентинскиот тренер Марсело Биелса кој во моментот е без ангажман. Биелса чијшто прекар е „Локо“ (Лудиот), се прослави на последното Светско фудбалско првенство во Јужна Африка каде со еден од аутсајдерите на мундијалот Чиле дојде до осминафиналето во кое беше поразен од Бразил со 0:3. Биелса по ротациите во врвот на чилеанската фудбалска асоцијација ја напушти репрезентацијата. Шпанската Севиља и аргентинскиот Њувелс олд бојс чијшто стадион го носи неговото име во моментот се заинтересирани за неговиот ангажман. Во неделата по поразот од Сарагоса на мадридски „Сантјаго Бернабеу“ од 2:3 англискиот портал People, пишуваше дека Мурињо може наскоро да добие отказ од Реал Мадрид. Во написот беше исто така наведено дека првите луѓе на мадридскиот клуб особено му забележувале на Мурињо за срамното однесување по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. People тогаш напиша дека управата на Реал Мадрид го разгледувала раскинувањето на договорот со Жозе Мурињо, доколку овој не успеа да ја мине Барселона во реваншот на „Камп Ноу“ и да се пласира во финалето на Лигата на шампионите, што синоќа се случи на „Ноу Камп“./крај/хи/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

