Спорт
Завршен турнир во кошаркарската Евролига

Вечерва во Барселона започнува завршниот турнир во кошаркарската Евролига, на кој за титулата најдобра екипа на Стариот континет ќе се борат Панатинаикос, Монтепаски, Макаби и Реал Мадрид.
Вечерва во Барселона започнува завршниот турнир во кошаркарската Евролига, на кој за титулата најдобра екипа на Стариот континет ќе се борат Панатинаикос, Монтепаски, Макаби и Реал Мадрид.
Полуфиналната програма ќе ја отворат Панатинаикос и Монтепаски Сиена, екипа чии дрес го носи натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекејлеб.
„Сите зборуваат за моето искуство на завршните турнири. Немам ништо против тоа. Тоа е добар начин да се симне притисокот од моите кошаркари и тој да биде префрлен на мене. Сега размислуваме само за Монтепаски, екипа која исклучително ја почитуваме“, изјави тренерот на Панатинаикос Жељко Обрадовиќ сопственик на седум европски титули.
Натпреварот Панатинаикос-Монтепаски започнува во 18 часот, три часа подоцна на паркетот ќе истрчаат екипите на Макаби и Реал Мадрид. крај/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вест Хем се раздели со Антонио

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци.
Ова сценарио го најави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот.
За 10 години поминати во клубот, Антонио постигна 83 гола во 323 натпревари. Тој беше еден од најважните играчи во освојувањето на првиот трофеј по 43 години кога „чеканите“ славеа во 2023 година во Конференциската лига.
Иако преживеа тешка несреќа пред осум месеци, Антонио успеа да му се врати на фудбалот. Тој играше за Јамајка на Голд Купот на КОНКАКАФ ова лето и се чини дека засега нема намера да замине во пензија.
Спорт
Џејкоб Вајли во Литванија

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, кариерата ќе ја продолжи во Литванија. Вајли постигнал договор со вице првакот на Литванија, Лијетувас Ритас.
Американецот со литванскиот клуб договори едногодишна соработка.
Вајли има значително искуство играјќи во Европа, како и во НБА. Минатата сезона ја мина во шпанска Гранада и тимот Гигантес де Каролина од Порторико.
Jacob Wiley, a former NBA and Panathinaikos big man, is finalizing an agreement with Lithuanian runner-up Rytas Vilnius, per sources.
Wiley averaged 8.3 points, 3.7 rebounds, and 0.6 blocked shots last season with Granada, including a 17-point outing vs. Baskonia.
— Donatas Urbonas (@Urbodo) August 7, 2025
Крилниот центар во кариерата играше и за Панатинаикос, Гран Канарија и Будуќност.
Foto/ kfsm.mk
Спорт
Шелтон го освои Торонто

Американецот Бен Шелтон, четвртиот носител, ја освои својата прва титула на АТП Мастерс 1000 во Торонто. Шелтон в финалето го победи 11-от носител, Карен Хачанов, со 6-7(5), 6-4, 7-6(3).
„Ова е надреално чувство. Беше долга недела и не беше лесен пат до финалето. Го покажав мојот најдобар тенис кога беше најважно. Бев жилав, бев упорен, бев отпорен. Сето ова се квалитети што сакам да ги видам кај себе“, рече Шелтон по победата.
За 20-годишниот Шелтон, кој на патот до титулата ги победи 13-от носител Флавио Коболи, деветтиот носител Алекс де Минор и вториот носител Тејлор Фриц. Тој е исто така најмладиот Американец кој го освоил Мастерс 1000 откако поранешниот светски рекет број еден Енди Родик го направи тоа во Мајами во 2004 година.
Шелтон ги освои другите две титули во својата кариера во Токио во 2023 година и Хјустон во 2024 година.
Со овој триумф, полуфиналистот на Австралија Опен ќе стигне до шестото место на АТП ранг-листата, што е најдобриот пласман во неговата кариера.