Спорт
УЕФА го казни Мурињо со пет натпревари
Европската фудбалска федерација го казни тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, со забрана за водење на екипата на пет натпревара забрана на УЕФА
Во петокот УЕФА ја соопшти казната за Жозе Мурињо, откако тој ја обвини за фаворизирање на лутиот противник Барселона во полуфиналните дуели од Лигата на шампионите.Мурињо веќе издржа еден меч од забраната во реваншот од вторникот кога на „Камп Ноу“ не го предводеше својот Реал Мадрид кој беше елиминиран со вкупен резултат од 1:3.Претходно денеска добро информираниот шпански спортски дневник Marca пишуваше дека суспендираниот Жозе Мурињо кој по првиот меч помеѓу Реал и Барселона од полуфиналето на Лигата на шампионите изјави дека противникот е привилегирана екипа од УЕФА, ќе биде казнет со седум натпревари забрана на водење екипа во УЕФА куповите. На раководните луѓе во УЕФА особено не им допаднало и што овие изјави, беа повторувани и по реваншот во Барселона.Казната според весникот ќе има и финансиско влијание, бидејки доколку Мурињо си замине од Реал, за што од минатат седмица пишува светскиот спортски печат тоа веќе се говори, која било екипа да го ангажира нема да може да смета на него на клупата на првите шест натпревари, што сигурно ќе влијае и на финансиските одредби при склучување на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

