Спорт
Поради местење сомнителни 300 фудбалски натпревари
Повеќе од 300 натпревари за кои постои сомнеж дека биле наместени се под истрага на Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, пишува во денешното издание британскиот весник Daily Telegraph
ФИФА се сомнева дека судиите добивале најмалку по 10 илјади долари како би ги наместиле резултатите во пријателските натпревари, како и во натпревари кои биле одиграни во европските купови и националните првенства. Организаторите на ваквите „местенки“, наводно, заработиле повеќе стотици милиони долари во обложувалниците во Азија. „Местење на натпревари сериозно го нарушува интегритетот на фудбалот. Разговорите со лицата кои биле вмешани во овој криминал ни открија дека организаторите трошеле и по 300 илјади долари како би наместиле резултат на одреден натпревар“, изјавил за весникот шефот на ФИФА за безбедност, Крис Итон. Кај вработени во најмалку шест национални сојузи постои сомнеж дека биле дел од овој вид на криминал, кој најчесто бил координиран од Малезија и Сингапур. ФИФА стравува дека на удар би можеле да бидат и светските првенства за играчи до 17 и 20 години. Постои сомнеж дека биле наместени неколку натпревари во Лига Европа, потоа мечеви во германските и финските лиги, како и пријателски мечеви кои ги одиграле репрезентациите на Кувајт, Јордан, Боливија, Латвија, Бугарија, Естонија, Малезија и Зимбаве.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во сообраќајна несреќа тешко повреден Бабнгида, брат му загина, сопругата и детето се во критична состојба
Поранешниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида (50) имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нигерија, а во несреќата загинал неговиот три години помлад брат Ибрахим.
Тијани, неговата сопруга, син и куќна помошничка, кои исто така биле во автомобилот, со тешки повреди биле примени во болница.
Некои медиуми тврдат дека Тијани е свесен, а остатокот од семејството сѐ уште е во критична состојба, но закрепнува.
Тијани Бабангида беше репрезентативец на Нигерија од 1994 до 2004 година и играше на Светското првенство во 1998 година, а најголема трага во клупскиот фудбал остави во Ајакс во периодот од 1996 до 2003 година.
Тијани моментно е претседател на Здружението на професионалните фудбалери на Нигерија. Фудбал играше и трагично загинатиот Ибрахим. Најмногу играше за африкански клубови, но стигна и до холандски Волендам.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.