Спорт
Уште еден пораз за Словачка

Хокеарите на домашната репрезентација на Словачка во рамки на групата Е од Светското првенство 2011 забележаа уште еден пораз во групата Е и ги загубија шансите евентуално да се најдат во четвртфиналето.
Хокеарите на домашната репрезентација на Словачка во рамки на групата Е од Светското првенство 2011 забележаа уште еден пораз во групата Е и ги загубија шансите евентуално да се најдат во четвртфиналето. Овој пат загубија од Финска со 1:2 (1:0, 0:0, 0:2). Во вториот меч од оваа група Данска ја победи на пенали Германија со 4:3 откако мечот заврши 3:3 во регуларниот дел (1:1, 1:1, 1:1, 1:0)Во Групата Ф Канада ја победи Норвешка со 3:2 (1:0, 1:0, 1:2), а САД исто така со 3:2 ја победи Франција (1:1, 2:0, 0:1).Табели:Група Е: Чешка 9, Финска 8, Германија 8, Русија 6, Данска 2, Словачка 0.Група Ф: Каната 10, Шведска 7, САД 7, Норвешка 5, Швајцарија 3, Франција 1. Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пјастри потпиша нов договор со Мекларен

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, потпиша нов повеќегодишен договор со Формула 1 тимот.
Австралискиот возач потпиша договор пред почетокот на сезоната 2023 година, а по само 15 трки, тој го продолжи договорот барем до крајот на 2026 година.
Минатата сезона ги забележа првите две победи и шест пати избори пласман на победничкит пиедестал.
Пјастри, во 2024 година, беше единствениот возач кој го заврши секој круг минатата година, завршувајќи ја сезоната на четвртото место во шампионатот, со што му помогна на Мекларен, прв пат по 1998 година, да го освои шампионатот за конструктори.
„Одлично е чувството да се знае дека сум дел од долгорочната визија на Мекларен. Тимот веруваше во мене кога потпишав во 2022 година и патувањето што го направивме во изминатите две сезони за да му помогнеме на Мекларен да се врати на самиот врв на спортот беше неверојатно“, рече Пјастре.
Новата сезона во Формула 1, во која Мекларен има највисоки можни амбиции, почнува следниот викенд во Мелбурн, со трката за ГН на Австралија.
Спорт
Лиевски го објави спискот за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот за првите два натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Очекувано селекторот не сакаше да експериментира, со проверени сили ќе ги дочека дуелите со Лихтенштајн во гости на 22. март и со Велс дома три дена пдоцна.
Дебтант на спискот е само ЛУка Станковски кој има добра сезона во дресот на раднички од Крагуевац, а откако се врати во составот на Горица, повик доби и Агон Елези.
Спорт
Гулер од следната сезона во Бундес лигата или Серија А

По блескавите настапи на Арда Ѓулер (19) за Турција на Европското првенство во Германија, се очекуваше дека младиот играч за врска ќе блесне оваа сезона во дресот на Реал Мадрид. Прогнозите се едно, а реалноста друго. Гулер не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти.
Гулер оваа сезона забележа 30 настапи за Реал, но најчесто влегуваше на теренот од клупата за резерви.
Изминатите недели, медиумите се почесто пишуваат дека Гулер по завршвањето на сезоната ќе го напушти Реал. Нејасно е само дали Реал ќе го продаде фудбалерот за кого во 2023 година на Фенербахче му плати 20.000.000 евра или ќе биде испратен на позајмица.
Германски „Билд“ пишувашедека Лајпциг и Баер Леверкузен сакаат да го позајмат Гулер од Реал.
Шпанскиот весник „Релево“ во приказната ги додаде и италијанските гиганти Интер и Милан, кои наводно ќе се обидат да го купат, додека „Мундо Депортиво“ пренесува дека има и клубови од Премиер лигата кои покажале интерес за Гулер.
Според „Трансфермаркт“, Ѓулер моментално вреди 45.000.000 евра.