Спорт
Фетел доминантен во Турција
Возачот на Ред Бул, актуелниот светски првак во Ф1, Себастијан Фетел победи на четвртата трка во годинешното првенство, Големата награда на Турција.
Возачот на Ред Бул, актуелниот светски првак во Ф1, Себастијан Фетел победи на четвртата трка во годинешното првенство, Големата награда на Турција. Фетел до третата победа оваа сезона, вкупно 13-та во кариерата, дојде со време од 1:30:17.558 часа. Успешниот викенд на патеката „Истанбул парк“ за екипата на Ред Бул го комплетира Марк Вебер кој го освои второто место, додека покрај пилотот на Ред Бул место на победничкиот пиедестал освои и третопласираниот Фернадо Алонсо, кој на Ферари му го донесе првиот подиум оваа сезона.Покрај првите тројца бодови во Турција освоија уште, Луис Хамилтон (Мекларен Мерцедес), Нико Розберг (Мерцедес), Џенсон Батон (Мерцедес), Ник Хајдфилд (Рено), Виталиј Петров (Рено), Себастијан Буеми (Торо Росо) и Камуи Кобајаши (Заубер).По четири трки во генералниот пласман води Фетел со 93 бода, Хамилтон има 59, додека третопласиран е Вебер со 55 бода. Шампионатот во Ф1 ќе продолжи на 22 мај, кога на патеката „Каталуња“ ќе се вози трката за Големата награда на Шпанија. крај/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

