Спорт
Јувентус, Интер и Реал во трка по Тевез

Аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез со 19 погодоци е најдобар стрелец на Манчестер Сити, а воедно и втор стрелец во Премиер лигата зад Бербатов.
Аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез со 19 погодоци е најдобар стрелец на Манчестер Сити, а воедно и втор стрелец во Премиер лигата зад Бербатов.Неколку европски клубови се веќе во трка по Аргентинецот, меѓу кои Јувентус, Интер и Реал.Се чини дека Реал, по инсистирање на Мурињо отиде најдалеку, откривајки ја својата понуда, а таа според дневниот весник „Марка“ изнесува 40 милиони евра. На потег се управите на двата италијански лигаши, а во Сити засега мудро молчат чекајки цената да порасне. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вест Хем се раздели со Антонио

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци.
Ова сценарио го најави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот.
За 10 години поминати во клубот, Антонио постигна 83 гола во 323 натпревари. Тој беше еден од најважните играчи во освојувањето на првиот трофеј по 43 години кога „чеканите“ славеа во 2023 година во Конференциската лига.
Иако преживеа тешка несреќа пред осум месеци, Антонио успеа да му се врати на фудбалот. Тој играше за Јамајка на Голд Купот на КОНКАКАФ ова лето и се чини дека засега нема намера да замине во пензија.
Спорт
Џејкоб Вајли во Литванија

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, кариерата ќе ја продолжи во Литванија. Вајли постигнал договор со вице првакот на Литванија, Лијетувас Ритас.
Американецот со литванскиот клуб договори едногодишна соработка.
Вајли има значително искуство играјќи во Европа, како и во НБА. Минатата сезона ја мина во шпанска Гранада и тимот Гигантес де Каролина од Порторико.
Jacob Wiley, a former NBA and Panathinaikos big man, is finalizing an agreement with Lithuanian runner-up Rytas Vilnius, per sources.
Wiley averaged 8.3 points, 3.7 rebounds, and 0.6 blocked shots last season with Granada, including a 17-point outing vs. Baskonia.
— Donatas Urbonas (@Urbodo) August 7, 2025
Крилниот центар во кариерата играше и за Панатинаикос, Гран Канарија и Будуќност.
Foto/ kfsm.mk
Спорт
Шелтон го освои Торонто

Американецот Бен Шелтон, четвртиот носител, ја освои својата прва титула на АТП Мастерс 1000 во Торонто. Шелтон в финалето го победи 11-от носител, Карен Хачанов, со 6-7(5), 6-4, 7-6(3).
„Ова е надреално чувство. Беше долга недела и не беше лесен пат до финалето. Го покажав мојот најдобар тенис кога беше најважно. Бев жилав, бев упорен, бев отпорен. Сето ова се квалитети што сакам да ги видам кај себе“, рече Шелтон по победата.
За 20-годишниот Шелтон, кој на патот до титулата ги победи 13-от носител Флавио Коболи, деветтиот носител Алекс де Минор и вториот носител Тејлор Фриц. Тој е исто така најмладиот Американец кој го освоил Мастерс 1000 откако поранешниот светски рекет број еден Енди Родик го направи тоа во Мајами во 2004 година.
Шелтон ги освои другите две титули во својата кариера во Токио во 2023 година и Хјустон во 2024 година.
Со овој триумф, полуфиналистот на Австралија Опен ќе стигне до шестото место на АТП ранг-листата, што е најдобриот пласман во неговата кариера.