Спорт
Сантос и Пењарол со предност по првите средби во К.Л.

Во првите четвртфинални мечеви на Копа Либертадорес, фудбалерите на Сантос (Бразил) и Пењарол (Уругвај) остварија предност пред реваншите..
Во првите четвртфинални мечеви на Копа Либертадорес, фудбалерите на Сантос (Бразил) и Пењарол (Уругвај) остварија предност пред реваншите.Сантос победи на гостувањето во Колумбија против Онце Калдас со 1:0, а голот го постигна Алан Патрик во 43 минута.Пењарол пред своите гледачи со 2:0 го победи Университад Католика од Чиле со головите на Мануел Оливеира во 37 минута и Алесандро Мартинуцио во 90+4 минута.Во петок се играат останатите две четвртфинални средби, а двојките се Вележ Сарсфилд (Аргентина) – Либертад (Парагвај) и Јагуарес Чиапас (Мексико) – Церо Портено (Парагвај). /крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Слот по елиминацијата: Најдобриот фудбалски натпревар на кој сум бил

Ливерпул доживеа елиминација од ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите на пенали на „Енфилд“ пред своите гледачи.
Во првиот меч парижаните целосно ги надиграа „црвените“, но на крајот загубија од вториот удар на гостите кон голот на Донарума. Овој пат среќата се сврте во корист на тимот од француската престолнина и може да се каже дека ПСЖ заслужено напредуваше.
По натпреварот, Арне Слот го истакна фактот дека ова бил неверојатен дуел.
„Ова беше најдобриот фудбалски натпревар на кој сум бил. Ова беше неверојатен настап, особено кога ќе се спореди со претходната недела. Создававме шанси и кога губевме. Немавме среќа по минатата недела“, рече Слот.
Холандски стручњак даде интересна опсервација и на овој дуел:
„Се чинеше дека заслуживме повеќе отколку да имаме гол негатива. Одигравме совршен натпревар, освен што не постигнавме гол. Слично беше и со Париз минатата недела, кога одиграа совршен натпревар. А потоа во продолженијата време беа можеби малку подобри“.
Во четвртфиналето ПСЖ ќе игра против победникот од пресметката меѓу Астон Вила и Клуб Бриж.
Спорт
Симеоне: Анчелоти е многу подобар тренер од мене

За 13 години, два месеци и 17 дена откако беше назначен за тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне никогаш не водел толку чести, важни и жестоки битки против никого како против Карло Анчелоти.
Овие двајца некогаш големи играчи, а денес уште поголеми тренери,вечерва по 28. пат ќе се сретнат во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Ако го победи својот постар колега на „Метрополитано“, Чоло ќе го изедначи резултатот во ова необично ривалство на 10-8-10. Ако го направат тоа со два или повеќе гола разлика, Атлетико ќе постигне нешто што досега не го направиле, ќе го елиминираат Реал Мадрид од Европа.
Во пресрет на уште еден „Мадрилењо“, во кој „Карлито“ ќе влезе со гол предност од „Бернабеу“ (1:2), Симеоне џентлменски изјави дека Италијанецот „е многу подобар тренер од него“.
„Поминав многу време во Италија, а тој е роден таму. Причината поради која понекогаш се чини дека имаме исти идеи не е толку чудна е затоа што пораснав живеејќи таму. Можеби изгледа дека некои работи се слични во нашите стилови. Но, јасно е дека Анчелоти е многу подобар од мене“, изјави Симеоне, чиј прв клуб во Европа беше Пиза, а потоа со голем успех го носеше дресот на Лацио и Интер.
Благодарение на брилијантната партија на Федерико Валверде и Родриго, Анчелоти минатиот вторник повторно поведе во ова ривалство и ја забележа десеттата победа, но кој може да погоди што ќе се случува вечерва од 21 часот на распродадениот „Метрополитано“ каде Чоло загуби само двапати од „Карлито“, а има забележано седум победи.
Спорт
(Видео) ПСЖ на пенали го исфрли Ливерпул од Лигата на шампионите

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул испадна од Лигата на шампионите. На „Енфилд“, ПСЖ го елиминира Ливерпул по избедувањето пенали со 4:1, откако претходно го доби натпреварот по 90 и 120 минути игра со голот на Дермбеле во 12.минута.
ПСЖ на „Енфилд“ имаа перфектна пенал серија. Четворица погодија: Витиња, Гонзало рамош, Дембеле и Дезире Дуе, но апсолутен херој е голманот Донарума кој ги одбрани ударите на Дарвин Нуњез во втората и Џонс во третата серија. Само Салах реализираше пенал за Ливерпул во првата серија.
ПСЖ во четвртфиналето ќе игра против Астон Вила и Клуб Бриж. Првиот натпревар, одигран минатиот вторник, Астон Вила го доби со 3:1.
Претходно пласман во четвртфиналето изборија Барселона, Баерн Минхен и Интер.