Спорт
Стонер на пол-позицијата во Франција

Возачот на Репсол Хонда, Кејси Стонер ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Франција, во кралската класа, во Мото ГП шампионатот.
Возачот на Репсол Хонда, Кејси Стонер ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Франција, во кралската класа, во Мото ГП шампионатот. Поранешниот светски првак Стоне, до третата пол-позиција дојде откако патеката „Бугати“ во Ле Ман, ја мина со време од 1:33.153 минути. Покрај Стонер од првиот стартен ред утрешната трка ќе ја започнат Марко Симончели на Сан Карло Хонда Гресини и Андреа Довициозо на Репсол Хонда. Зад овие тројца во вториот стартен ред трката ќе ја започнат третиот возач на Репсол Хонда Дани Педроса, актуелниот светски првак Хорхе Лоренцо и Карл Крачлоу. Првите десет на стартот на утрешната трка гхи комплетираа Колин Едвардс, Бен Спиз, деветкратниот светски првак Валентино Роси и Ники Хејден. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија загуби од Словенија

Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Ракометната репрезентација на Македонија забележа пораз од Словенија со 26:32 (16:15) во третото коло од квалификациите за пласман на ЕП.
Македонските ракометари покажаа „две лица“ на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“. Одлични беа избраниците на Кире Лазаров во првото, но целосно потфрлија во вториот дел.
Македонија одлично го започна, во првиот дел ја достигна највисоката предност од шест голови разлика,(11:5).
Словенците бргу се консолидираа, полека ја топеа разликата и на полувреме Македонија замина со гол предност.
Во вториот дел Словениците беа подобри. Го презедоа водството, а прашањето околу победникот го решија со среијата (1:5) во завршните 10 минути.
Филип Кузмановски со десет голови ја предводеше Македонија, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски имаше девет успешни интервенции.
На табелата во групата Словенија води со максимални шест бода, Литванија е втора со четири, Македонија трета со два, последна е Естонија без освоен бод.
Следува реваншот, во Копер од 18 часот в недела.
Спорт
(Видео) Пресврт за победа на „милионерите“ во Лил и пласман во четвртфиналето

Борусија Дортмунд преку Лил се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Минатогодишните финалисти, во реваншот во Лил победија со 2:1. Првиот меч заврши без победник 1:1. Борусија во четвртфиналето ќе игра против Барселона.
Реваншот започна со голот на Џонатан Дејвид, во петтата минута, по грешката на голманот Грегор Кобел.
Откако се опоравија од шокот, израниците на Нико Ковач возвратија и создадоа неколку изворедни шанси, но во првиот дел не успеаја да го совладаат брилијантниот Лукас Шевалие.
Прв се обиде Џулијан Рајерсон, потоа Паскал Грос. Шевалие ја закачи топката, која Рибеиро ја исфрли од гол линијата.
Шевалие набрзо мораше да интервенира уште еднаш по ударот на Рајерсон, а во 20. минута Дортмунд остана вчудовиден кога не успеа да израмни најпрвин ударот на Јулијан Брант, а потоа и на Серу Гираси. Неколку минути подоцна Брант повторно шутираше, но Бенџамин Андре успеа да реагира на гол-линијата.
„Милионерите“ силно го отворија второто полувреме, притискаа и тоа вроди со плод во 52. минута, кога судијата Сандро Шерер покажа на белата точка по невнимателниот стар на Мение, кој го собори Граси. Пеналот го реализираше Емре Џан во 54. минута.
Потоа гредата ја погоди Карим Адејеми, а потоа и Максимилијан Баер не успеа да го совлада шевалие.
Баер во 65. минута постигна убав гол. Убаво се намести, а потоа ја закова топката под гредата.
Спорт
Аморим: Тешко ни е, но имаме план

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим на прес-конференцијата во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лига Европа против Реал Сосиедад, се осврна на различни теми, вклучително и она што го очекува неговиот тим следната сезона.
Единствена шанса Манчестер јунајтед следната сезона да игра во Лигата на шампионите е Лигата на Европа. Се разбира, само ако успее да ја освои. За да останат во игра мора да победат во реваншот на „Олд Трафорд“ против Реал Сосиедад, по ремито 1:1 во Сан Себастијан.
„Ја имаме Лига Европа и преку неа можеме да стигнеме до Лигата на шампионите. Никогаш не се знае“, рече Аморим, посочувајќи дека постои план и ако тимот не успее да стигне до елитното натпреварување.
„Имаме план. Знам, тешко ни е. Но, најважно е да имаме план и да знаеме кои играчи треба да ги доведеме“.