Спорт
Борба за опстанок во Примера

Во сабота навечер со натпреварите од 38-то коло завршува сезоната во фудбалското првенство на Шпанија. Во пресрет на ова коло единстевено е непознато која ќе биде третата екипа која ќе се пресели во понизиок ранг.
Барселона е старо-новиот првак, Реал и Валенсија ќе играат во Лигата на шампионите, додека во квалификациите за ова натпреварување ќе игра Виљареал. Шпанија во Лига Европа следната сезона ќе ја преставуваат Севиља, Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид. Примера ја напуштија Алмерија и Херкулес, а кој ќе биуде третиот тим кој ќе патува во Сегунда ќе биде познато вечерва.Од екипите кои се борат за опстанок во најлоша позиција е Сарагоса на која и треба гостинска победа против Леванте, но и Депортиво и Хетафе да не забележат победи над Валенсија и Реал Сосиедад, кој исто така не е безбеден. Двојки од последното коло во Примера: Малага-Барселона, Реал Мадрид-Алмерија, Херкулес-Спортинг, Осасуна-Виљареал, Реал Сосиедад-Хетафе, Еспањол-Севиља, Мајорка-Атлетико Мадрид, Леванте-Сарагоса, Депортиво-Валенсија и Расинг-Атлетик Билбао.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ал Наср почна преговори за Кингсли Коман

Ал Наср започна преговори со Баерн за трансфер на Кингсли Коман (29), објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо. Францускиот крилен напаѓач стана главна желба на саудискиот клуб, кој го договори доаѓањето на стоперот Иниго Мартинез (34) од Барселона и напаѓачот Жоао Феликс (25) од Челзи ова лето.
Ал Наср веќе има ѕвезди како Кристијано Роналдо (40), Садио Мане (33) и Марсело Брозовиќ (32) во својот тим, а сега ќе им се придружат уште неколку врвни европски играчи.
Коман е роден во Париз и ја започна својата професионална кариера во ПСЖ, со кој освои четири трофеи. Во 2014 година, Јувентус го донесе како слободен агент и тој освои четири трофеи. Една година подоцна, го позајми на Баерн за седум милиони евра, а потоа го продаде во 2017 година за уште 21 милион евра.
Во клубот од Минхен, тој одигра 339 натпревари, постигна 72 гола и постигна 71 асистенција, освои 21 трофеј, меѓу кои се издвојуваат Лигата на шампионите и девет титули во Бундеслигата.
Неговиот договор е важечки уште две години, што значи дека Ал Наср ќе мора да плати отштета за него. „Трансфермаркт“, ја проценува неговата вредност на 30 милиони евра.
Коман има 58 настапи и осум гола за Франција, со која ја освои Лигата на нации, што значи дека досега во кариерата освоил 30 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Хојлунд е на чекор до преселба на „Сан Сиро“

Манчестер јунајтед се согласи да го позајми Расмус Хојлунд на Милан, но договорот сè уште не е дефинитивно склучен.
Данскиот напаѓач стана вишок на „Олд Трафорд“, откако во клубот дојдоа Матеуш Куња и Бенјамин Шешко. Милан веднаш покажа сериозен интерес за Хојлунд.
Според „Газета дело Спорт“, се очекува челниците на Јунајтед да му соопштат на официјален состанок, на Хојлунд, дека е вишок во тимот, а потоа треба да се пресели на „Сан Сиро“.
Манчестер е подготвен да го испрати на позајмица, а двата клуба сè уште не го дефинирале моделот по кој Хојлунд би се преселил во италијанскиот гигант.
Сигурно е дека по завршувањето на сезоната, Милан ќе мора да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед. Според медиумите станува збор за сума од околу 35 милиони евра.
Фото/ Принскрин
Спорт
Столбот на одбраната на Челзи се здоби со тешка повреда

Дефанзивецот на Челзи, Ливај Колвил, претрпе повреда на предните вкрстени лигаменти, потврди клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Човекот кој минатата сезона се етаблираше како најпостојан стопер на „сините“ и столб во походот кон трофејот во Конференциската лига, сега ќе мора да направи долга пауза.
Колвил се повредил на првиот тренинг во понеделникот, а вчера бил опериран.
Предвидувањата велат дека тој би можел да биде надвор од терените помеѓу шест и 12 месеци, во зависност од брзината на закрепнувањето.
Менаџерот Енцо Мареска ги има на располагање Весли Фофана, Тревор Чалоба, Ренато Веига, Аксел Дисаси, Беноа Бадијашил, Тосин Адарабиохо и Арон Анселмино.
Тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја започне новата сезона во Премиер лигата на 17 август, кога ќе го пречека Кристал Палас.