Спорт
Пет екипи се борат за опстанок

Попладнево, со одигрувањето на натпреварите од 38-то коло, ќе биде спуштена завесата во англиската Премиер лига.
Попладнево, со одигрувањето на натпреварите од 38-то коло, ќе биде спуштена завесата во англиската Премиер лига. Последното коло ќе даде одговор на неколку дилеми, која екипа (Манчестер Сити или Арсенал) ќе избори директен пласман во Лигата на шампионите, кој ќе ја преставува Англија во Лига Европа, во игра се Тотенхем и Ливерпул, и кои два тима ќе му се приклучат на Вест Хем во втората лига. Пет кандидати се во игра за двете места кои водат во понизок ранг, во најлоша позиција се Виган и Блекпул, овие екипи гостуваат кај Стоук, односно Манчестер Јунајтед. Виган и Блекпул имаат бод помалку од Бирмингем, Вулверхемптон и Блекбурн. Комплетни двојки: Астон Вила-ЛиверпулБолтон-Манчестер СитиЕвертон-ЧелзиФулам-АрсеналМанчестер Јунајтед-БлекпулЊукасл-ВБАСтоук-ВиганТотенхем-БирмингемВест Хем-СандерлендВулверхемптон-Блекбурн. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џака се сели на „Сан Сиро“

Фудбалскиот клуб Милан е блиску да го реализира трансферот на Гранит Џака. За трансферот Милан ќе издвои 10 милиони евра.
Џака, пристигнува на „Сан Сиро“ по две успешни години во тимот на Баер Леверкузен, каде што забележа одлични резултати.
Швајцарскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор вреден 4.000.000 евра нето по сезона.
Џака, Џака е четвртиот играч што го напушта тимот на Баер Леверкузен по Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Џонатан Та.
Исто така Леверкузен го напушти и тренерот Чаби Алонсо отиде во Реал Мадрид.
Спорт
Бублик го освои Хале, Акараз победи во Квинс

Карлос Алкарас ја освои титулата во Квинс, а Александар Бублик во Хале. Алкараз во финалето го победи Киржи Лехечка, а Бублик славеше во дуелот со Данил Медведев.
Алкараз го победи Лихечка со 7:5, 6:7, 6:2, втор пат во кариерата го освои турнирот од серијата 500 во Квинс.
Алкараз ја освои 21. титула во кариерата, четврта на тревната подлога. На овој вид подлога Алкараз во кариерата има скор 29 победи и три порази.
Александар Бублик, втор пат во последните три сезони го освои турнирот во Хале. Казахстанецот славеше со 2:0 (6:3, 7:6).
Бублик со солзи го прослави освојувањето на петтиот трофеј во кариерата.
"I was close to calling it quits after Wimbledon"
This win means everything for Bublik 💛#TWO25 pic.twitter.com/9KXjawL8Xi
— Tennis TV (@TennisTV) June 22, 2025
Спорт
Кевин Дурент во Хјустон Рокетс

Американскиот кошаркар Кевин Дурант е разменет Феникс Санс во Хјустон Рокетс.
Ова го објави добро познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија.
Дјурант, двократен МВП на финалето е разменет за Џејлен Грин, Дилон Брукс, десеттиот избор на овогодинешниот драфт и пет избори од втората рунда.
Дурент замина откако Санс останаа без место во плејофот минатата сезона, и покрај тоа што имаа еден од најскапите состави во историјата на кошарката и плаќаа висок данок на луксуз.
Феникс беше блиску до тоа да го испрати Дурант во Мајами, но на крајот постигнаа конечен договор со Рокетс, кои со овој потег очигледно имаат намера да ја нападнат титулата следната сезона.
Оваа размена нема да биде официјализирана барем до 6 јули поради клаузула во новиот договор на Џејлен Грин, но целата работа може да се смета за завршена поради доверливоста на информациите со кои располага Чаранија.