Контакт

Спорт

Валдано доби отказ, Мурињо потполна слобода на избор

Објавено пред

Во сезоната во која Реал од Мадрид под водство на Мурињо го загуби домашното првенство и беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите од Барселона, падна првата глава во клубот..

dobivaj vesti na viber

Во сезоната во која Реал од Мадрид под водство на Мурињо го загуби домашното првенство и беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите од Барселона, падна првата глава во клубот.Но таа не беше на Мурињо, туку на спортскиот директор Јорге Валдано.Мурињо уште од првиот ден кога дојде во Реал имаше недоразбирања со Валдано, а тие се однесуваа на изборот на фудбалери кои клубот треба да ги купи. Мурињо сакаше тој да ги одбере, а Валдано дека Мурињо му се меша во неговата работа. Претседателот Флорентино Перез конечно пресече. Од двете глави на тепсија, летна онаа на Валдано кој што доби отказ. Така сега Мурињо ќе има одврзани раце да состави екипа која идната година ќе биде конкурентна на Барселона. крај/макфкас.м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Удар за Билбао: Алварез суспендиран поради допинг

Објавено пред

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг.

dobivaj vesti na viber

На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон.

Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него заврши. На фудбалот ќе може да му се врати во април.

На Алварез нема да му биде дозволено ниту да тренира со тимот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сантош повеќе не е селектор на Азербејџан

Објавено пред

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати.

dobivaj vesti na viber

Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината.

Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0.

Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 натпревари, а полската репрезентација на само шест.

Со Португалија, Сантос беше европски шампион во 2016 година, а три години подоцна ја освои Лигата на нации.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Сити и Премиер лигата постигнаа договор околу договорите за спонзорство

Објавено пред

Манчестер Сити и Премиер лигата постигнаа договор во спорот околу правилата што ги регулираат договорите за спонзорство.

dobivaj vesti na viber

Сити покрена правна постапка против Премиер лигата, тврдејќи дека новите правила, кои ги регулираат трансакциите со поврзани страни (APT), се нелегални.

„Ниту Премиер лигата ниту клубот нема да коментираат по ова прашање“, се вели во заедничкото соопштение.

Минатата година, независен арбитражен панел пресуди против аспекти од прописите на лигата по тужба поднесена од клубот.

Правилата беа воведени од Премиер лигата за да се спречат клубовите да профитираат од комерцијални договори со компании поврзани со нивните сопственици, за кои се смета дека не се во согласност со фер пазарните вредности.

Во ноември 2024 година, мнозинството клубови од Премиер лига гласаа за усвојување на амандманот на APT, и покрај противењето на Сити.

Оваа судска одлука не е поврзана со онаа за 100 обвиненија против Сити за кршење на финансиските правила на Премиер лигата. Клубот ги негира обвинувањата.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Воз удри во автобус во Мексико Сити, најмалку осум мртви: објавена е снимка

Воз се судри со двокатен автобус северозападно од Мексико Сити рано наутро во понеделник по локално време, при што загинаа...

Европа1 час

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија2 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет3 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Свет3 часа

Трамп ѝ се закани на Русија, стигна реакцијата на Кремљ

Откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа потврди дека е „подготвен за втората фаза од санкциите врз Русија“...

Македонија4 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ7 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија8 часа

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија8 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија8 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија9 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Македонија13 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија13 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет22 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија1 ден

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ1 ден

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија1 ден

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет1 ден

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...