Спорт
Пол Сколс: Да не се повтори 2009 година
На финалниот дуел од Лигата на шампионите од 2009 година кога во Рим играа Барселона и Манчестер Јунајтед актери беа Пол Сколс и Рајан Гигс.
На финалниот дуел од Лигата на шампионите од 2009 година кога во Рим играа Барселона и Манчестер Јунајтед актери беа Пол Сколс и Рајан Гигс.Сколс нерадо се сеќава на мачната ноќ во мај 2009 кога Барселона победи со головите на Меси и Ето`О.Лекцијата е научена и мора да се обезбедиме дека таа вечер нема да се повтори, вели Сколс. Без сомнение тоа се двата најдобри тима во финалето. И двата атакуваат и мислам дека тоа е најдоброто финале што секој би го посакал, убеден е Сколс.За Меси ќе биде задолжен Немања Видиќ: Навистина е тешко да се сопре Меси, но не е целата работа во тоа, треба да се сопре Барселона како тим, изјави Видиќ.Ибраим Афелај, крилото на Барселона дава комплименти за Манчестер: Тие имаат подобар тим, поискусен и нови играчи во однос на 2009 година. Тоа е само еден решавачки меч, па ништо не се знае до последниот момент, скромен е Афелај. крај/макфакс.м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

