Спорт
ФИФА ја укина суспензијата за БиХ
Меѓународната фудбалска федерација(ФИФА) ја укина суспензијата за Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, четири дена по промената на статутот на ФСБиХ.
Меѓународната фудбалска федерација(ФИФА) ја укина суспензијата за Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, четири дена по промената на статутот на ФСБиХ. Претседателот на ФИФА Сеп Блатер истакна дека делегатите на ФСБиХ на седницата во Сараево го усвоиле новиот Статут со кој се отстранети сите пречки за укинување на суспензијата која траеше неполни два месеца. ФИФА и УЕФА инсистираа на укинување на тричленото Претседателство составено од бошњачки, хрватски и српски член. По новиот Статут со сојузот ќе владее еден човек, а одлуките нема да можат да се донесуваат со прегласување на делегатите на еден народ со оглед на тоа што че постојат заштитни механизми и во извршниот одбор и во Собранието на ФСБиХ. Со одлуката за престанок на суспензијата се создадоа условите репрезентацијата на БиХ да го продолжи учеството во квалификациите за Европското првенство 2012. година. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рикиардо би можел да го напушти тимот по ГП во Сингапур
Возачот на РБ, јуниорскиот тим на Ред Бул, Даниел Рикиардо изјави дека не е сигурен дали ќе остане во тој тим до крајот на сезоната во Формула 1 по трката во Сингапур.
Договорот на Рикиардо истекува на крајот од сезоната, но има шпекулации дека по неделната трка во Сингапур, тој би можел да биде заменет со Лиам Лосон во последните шест трки од сезоната на тимот РБ.
„Знам како е и како оди и знаев дека ќе има некои датуми и датуми оваа година, без разлика дали е летниот распуст или сега по Сингапур. Мислам дека има уште многу неизвесност. Ќе видиме како ќе помине викендот Ќе дадам се од себе, за се што имам секогаш има за што да се борам, планот е да се обидам да стигнам до подиумот“, изјави Рикиардо.
35-годишниот австралиски возач се врати во Формула 1 кон средината на минатата сезона со РБ, но не успеа да се врати во добра форма и сега е 14-ти во генералниот пласман кај возачите, со 10 поени помалку од тимскиот колега Јуки Цунода.
Запрашан дали трката во Сингапур може да биде негова последна, со оглед на условите на договорот, Рикиардо рече дека не мисли така.
„Но, јас исто така не сакам да почнам овде и да бидам адвокат. Би одговорил на прашањето – не, но знаеме како функционира овој спорт. Не сакам да кажам дека останувам и „100 проценти се обложувам на тоа Она што е лудо во врска со овој спорт е дека ако сум на подиумот овој викенд, веројатно ќе бидам еден од најпопуларните“, рече тој.
Рикиардо додаде дека работите брзо се менуваат во Формула 1, дека е свесен дека ситуацијата се вжештува, но дека ќе се концентрира на своите перформанси и ќе даде се од себе.
Големата награда на Сингапур се вози во недела од 14 часот.
Спорт
Карвахал се закани со штрајк: фудбалерите никој ништо не ги прашува
Дани Карвахал, легендата на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, клучен играч за освојување на европските титули за клубот и репрезентацијата, откри дека фудбалерите планираат радикален протест поради зголемениот број на натпревари.
„Штрајкот поради премногу натпревари во текот на сезоната е опција, можност што ние играчите ја разгледуваме. Никој ништо не не прашува, воопшто не ни обрнуваат внимание и затоа мораме да го кренеме гласот“, изјави тој за популарната радио емисија „Тоемпо де Хуего“.
Играчите во врвните клубови и репрезентации се револтирани што и онака пренатрупаниот распоред на натпревари е зголемен оваа сезона. На пример, Реал на Карвахал одигра 55 натпревари минатата сезона.
Поради новиот формат на Лигата на шампионите и на клупското СП, би можеле да одиграат над 70 натпревари Ако на тоа се додаде дека репрезентацијата на Карвахал од минатото до ова лето одиграа дури 18 натпревари, јасно е зошто е шпанскиот ас е уште еден од низатта фудбалери кои јавно го искажаа своето незадоволство.
Спорт
Флик: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите
Барселона го започнува овогодинешното учество во Лигата на шампионите со гостувањето во Монте Карло кај Монако.
Каталонците одлично го започнаа шпанското првенство, во првите пет натпревари имаат исто толку победи.
Германскиот стручњак Ханси Флик смета дека неговиот тим може да оди до крај во елитното европско натпреварување.
„Верувам дека можеме да стигнеме до титулата во Лигата на шампионите. Тоа е секогаш цел на најголемите клубови. Лигата на шампионите е најсилното натпреварување во светот, а јас сум убеден дека Барса може да игра и да ги победи сите“, изјави Флик.