Спорт
Сколс заминува во пензија

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед Пол Сколс објави дека ја заврши играчката кариера
Триесет ичетири-годишниот Пол Сколс како фудбалер настапуваше за еден единствен клуб, Манчестер јунајтед, каде што само во сениорската екипа помина 17 сезони, со 657 настапи и 150 голови. Во дресот на „црвените ѓаволи“ освои 24 трофеи од кои 10 пати беше првак на Англија, а два пати победи во Лигата на шампионите.За англиската репрезентација Сколс одигра 66 мечеви и постигна 14 голови.Повлекувањето од зелениот терен е само како играч. За Сколс, еден од ретките фудбалери кои потекнаа од школата на Манчестер јунајтед и најде место меѓу тренерите на помладите генерации во клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Светската рекордерка во маратон привремено суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет во атлетиката (AIU).
Чепнгетич во март била позитивна на забранет диуретик и супстанца која се користи за прикривање на употреба на допинг.
AIU наведува дека спортистката доброволно прифатила привремена суспензија додека трае истрагата за случајот.
Кениската атлетичарка го постави светскиот рекорд во женскиот маратон во октомври минатата година на маратонот во Чикаго, со време од 2 часа, 9 минути и 56 секунди, подобрувајќи го претходниот рекорд за речиси две минути.
AIU не прецизираше кога ќе биде донесена конечната одлука во нејзината дисциплинска постапка.
Спорт
Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!

Демиан Лилард, еден од најпрепознатливите бекови во НБА лигата, официјално се врати во Портланд Трејл Блејзерс.
Клубот од Орегон потврди дека потпишал тригодишен договор со 34-годишната суперѕвезда, кој според достапните информации ќе заработи 42 милиони долари.
Враќањето на Лилард доаѓа откако неодамна беше отпуштен од Милвоки Бакс, иако во неговиот договор имаше загарантирани 113 милиони долари за наредните пет сезони. Одлуката на Бакс следеше по сериозната повреда на Ахиловата тетива во првото коло од годинашниот плејоф, поради која ќе ја пропушти целата наредна сезона.
Лилард беше избран како шести пик на НБА драфтот во 2012 токму од Портланд, каде ги помина првите 11 сезони од својата кариера и стана клупска легенда. Во 2023 се пресели во Милвоки, но неговата епизода таму беше краткотрајна.
Во минатата сезона, и покрај здравствените проблеми и само 58 одиграни натпревари, имаше просек од 24,9 поени и 7,1 асистенција. На теренот доминираше и покрај проблемите со тромбоза.
Лилард го одбележа враќањето во Портланд со објава на Инстаграм, каде сподели фотографија од соблекувалната на Трејл Блејзерс и кратко напиша:
„RipCityyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyy!“
Овој повраток има и емоционална димензија – Демиан Лилард е најдобриот стрелец во историјата на Портланд со вкупно 19.376 поени и е единствениот играч во НБА историјата со пет натпревари на кои постигнал 60 или повеќе поени.
Во својата кариера во просек бележи 25,1 поен и 6,7 асистенции. Освен што е меѓу 100-те најдобри НБА кошаркари на сите времиња, Лилард може да се пофали и со златен медал од Олимписките игри во Токио како член на репрезентацијата на САД.
Фото: ЕПА
Спорт
Снуп Дог стана косопственик на фудбалскиот клуб Свонси

Познатиот американски рапер Снуп Дог стана малцински сопственик на велшкиот фудбалски клуб Свонси Сити, кој игра во англискиот Чемпионшип. Тој беше и модел за новите дресови на клубот за следната сезона.
„Ова е клуб и град што ме трогнаа – работнички, како и јас. Горд сум што сум дел од Свонси“, изјави Снуп Дог, чие вистинско име е Келвин Бродус.
Снуп Дог се приклучи на сопственичката група предводена од американските бизнисмени Брет Крават и Џејсон Коен. Исто така, неодамна и хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стана дел од управата на клубот.
Во чест на приклучувањето на Снуп Дог, негов мурал е насликан на западната трибина на стадионот на Свонси. Од клубот најавуваат дека тој ќе има сè поголема улога во иднина, а неговата глобална популарност ќе помогне во промоција и развој на клубот.