Спорт
Најдобрите македонски каратисти на силен турнир во Анкара
Најдобрите каратисти од најреномирнаите македонски карате клубови Макпетрол и Металург во средата во попладневните часови треба да заминат за турскиот главен град Анкара, каде што ќе се одржи 9-то по ред Европско регионално првенство во карате
Ова првенство има одредена специфичност по која се разликува од останатите натпревари, а тоа е што овој натпревар е исклучително само во екипна конкуренција во дисциплините борби и кати за мажи и жени. Од минатата година покрај сениорските тимови, воведена е практиката да настапуваат и состави од кадетско- јуниорските категории од регионите кои исто така се натпреваруваат само во екипна конкуренција.Имено Европската карате федерација, за ова првенство има официјализирано 88 европски региони кои имаат право да испратат екипни тимови. Македонија на картата на Европската карате федерација е преставена како еден регион и поради тоа нашите два клуба кои редовно учествуваат на ова натпреварување и годинава составија заеднички екипи со цел успешно да се престави и афирмира земјата.Селекторот Бошко Заборски, за овој натпревар се определи да им даде шанса на следните спортисти кој ќе настапат во Сениорска конкуренција: Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Мартин Несторовски, Иво Цветковски, Стојан Тасевски, Мартин Томовски и Спасо Илиевски.За јуниорскиот тим екипно борби Македонија ќе ја преставуваат: Симон Антиќ, Никола Димитриевиќ, Емануел Ристевски, Бојан Јовановски, Виктор Крстевски, Азиз Исмаил и Крсте Мишев.Во стручниот тим се вклучени и помошникот на селекторот Мирче Јанушевски и Драган Грдановски, и двајцата од клубот Металург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Скимо“ дебитираше на ЗОИ
За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри се доделуваа медали во скијашко планинарење, сè попознато по кратенката „скимо“.
Први во новата дисциплина настапија жените, а златото го освои Швајцарката Маријан Фатон. Актуелната светска шампионка патеката ја мина за 2:59.77.
Среброто и припадна на Франција благодарение на Емили Хароп, вицешампионката на светот (+2,38 секунди заостанување), а бронзата ја освои Шпанката Ана Алонсо Родригез, која е актуелна европска шампионка (+10,45 секунди заостанување).
Во машка конкуренција светскиот шампион освои злато. Тоа е Шпанецот Ориол Кардона Кољ. Тој патеката ја мина за 2:34.03.
Русинот Никита Филипов беше одличен во вториот дел од патеката, по скалите. Момчето од Камчатка на тој начин го освои сребрениот медал (+1,52 секунди заостанување).
Иако во поголемиот дел од трката водеа Швајцарците Арно Леита и Џон Кислер, тие не освоија медал. Бронзата ја освои Тибо Анселме, Французинот кој лани беше сребрен на Светското првенство (+2,31 секунди заостанување).
Foto/ EPA
Спорт
И Куртоа му се придружи на Ѓоковиќ во проектот Ле Ман
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа стана малцински сопственик на француски Ле Ман.
Како што беше најавено, Куртоа стана еден од акционерите на францускиот тим, откако минатата година Новак Ѓоковиќ им се приклучи на поранешните Ф1 возачи, Фелипе Маса и Кевин Магнусен како нов малцински сопственик на овој француски тим.
Куртоа ѝ се обрати на јавноста во четвртокот и откри дека им се придружил на други познати личности како дел од инвестициската група „NXTPLAY“, која е фокусирана на развој и раст како дел од проекти за втор мандат.
Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил го сподели и искуството од приклучувањето на голманот во францускиот тим.
Foto/ depositphotos
Спорт
Прв спискот на Берокал како селектор на Македонија
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европоското првенство во 2029.
За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје на 27 февруари) и Азербејџан (во Баку на 2 март), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16 кошаркари.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23 февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).
На списокот ги нема играчите од Евролигата, Ненад Димитирјевиќ и Ти Џеј Шортс.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија
Извор и Фото/ mkd.basketball

