Спорт
Ирците пред потежок предизвик од Русија и Словачка

Селекторот на Република Ирска, Џовани Трапатони е пред проблеми воочи утрешниот квалификациски меч за ЕУРО 2012, против Македонија во Скопје
Во групата Б по пет одиграни кола во водство се три репрезентации сите со по 10 бодови. Словачка, Русија и Република Ирска три кандидати за две места на ЕУРО.Токму денешниот распоред на мечевите ја прави најтешка задачата на Ирците за одржување чекор со овие две репрезентации.Русија игра дома со Ерменија (17,00 ч.) и се фаворити. Словачка ја пречекува последно пласираната Андора (20:15 ч.). и на овој меч прашањето за победникот не се поставува.Така Република Ирска е пред искушение само со победа вечерва против Македонија (21:30 ч.) да не заостане во бодови. Но единствено Ирците гостуваат, а имаат и проблеми околу составот. Ричард Дан е суспендиран. Поради повреди отпадна квартетот Дерон Џибсон, Демиен Даф, Кевин Дојл и Џејмс Мек Карти. Во составот ќе ги нема ниту Џонатан Волтерс, Ентони Стоукс и Кирен Вествуд. На сите овие проблеми капак е повредата на ахиловата тетива на капитенот Роби Кин, кој на тренинг доби удар од Демиен Делејни, па настапот на Кин е под знак прашање. Селекторот Трапатони нема многу опции. Најверојатно влегувањето на Кин во игра ќе зависи и од движењето на резултатот и нема да биде стартер.Македонската репрезентација против оваа селекција во која недостасуваат повеќе од половината фудбалери може да се надева дека евентуално ќе избори втора квалификациска победа, но тоа би значело оддалечување на Ирците од пласман на ЕУРО 2012 па затоа сите три резултати се во опција на утрешниот скопски меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL