Спорт
Уште еден дебакл на црвено жолтите
Македонија – Република Ирска 0:2. Фудбалската репрезентацијата на Македонија продолжи со јаловите настапи и го нанижа и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2012.
Македонија – Република Ирска 0:2. Фудбалската репрезентацијата на Македонија продолжи со јаловите настапи и го нанижа и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2012. По овој нов неуспех пропаднаа и последните шанси за било каков пробив до второто место во групата кој сеуште постоеше како теорија.Република Ирска иако ослабена уште на почетокот на мечот покажа дека дојде во Скопје да биде уште една од репрезентациите кои од овде си заминале со полн плен и тоа на крајот го оствари.7 минута. 0:1. Победата ја најави Роби Кин кога упати удар, топката го закачи Новевски и заврши зад грбот на Богатинов.12 минута. Пандев одлично беше послужен во шеснаесетникот на Ирците, изби сам пред Гивен но се посрамоти шутирајки му млако во нозете.15 минута. Сајмон Кокс навремено беше послужен по десната страна влезе во шеснаесетникот и даде гол чист како солза. Македонската одбрана застана рекламирајќи недозволена позиција. Линискиот судија погрешно сигнализира офсајд, главниот судија Флоријан Меер ја направи првата грешка. Го поништи голот, а згора му даде и жолт картон на центарфорот на Ирците.24 минута. Втора грешка на Меер. Пандев беше свлечен на земја во шеснаесетникот на Ирците, а тој само одмавна со рака. Пеналот беше видлив и од авион.36 минута. 0:2. Катастрофална грешка на Бобан Грнчаров. Несмасно се обиде да ја врати топката на Богатинов, но тоа го направи почетнички лошо, па Кин не ја пропушти укажаната шанса. Биеше остро и прецизно и го постигна својот втор гол искористувајќи го подарокот на Грнчаров.40 минута. Пенал за Македонија. Пандев беше во шанса да упати удар од десетина метри, но доби удар отпозади по кој падна. Овој пат Меер го свирна пеналот. Ама кој да даде гол. Тричковски шутираше високо и силно и ја погоди стативата.Во второто полувреме Македонија имаше посед на топка но освен ударот на Марио Ѓуровски немаше ништо вредно за споменување. Германскиот судија ја направи и третата грешка не досадувајќи пенал овој пат за Република Ирска.Резултати 6 коло група Б:Русија – Ерменија 3:1, Словачка – Андора 1:0, Македонија – Р. Ирска 0:2.Табела: Р. Ирска 13, Русија 13, Словачка 13, Ерменија 8, Македонија 4, Андора 0.Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

