Спорт
Ливерпул нема да игра со Сеул
Ливерпул на својата блискоисточна турнеја ќе игра мечеви во Кина и Малезија, но не и во Јужна Кореја.
Ливерпул на својата блискоисточна турнеја ќе игра мечеви во Кина и Малезија, но не и во Јужна Кореја.Управата на Ливерпул го откажа мечот со првакот на Јужна Кореја ФК Сеул, а неофицијално се дознава дека тоа е поради најновата афера за местење резултати што ја потресува Кореја.Во оваа земја се уапсени десетина фудбалери и четвoрицата кладилничари кои за пари ги режирале натпреварите во првата лига. Еден поранешен фудбалер, а сега кладилничар откако дознал дека е осомничен извршил самоубиство.крај/Индекс/.м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити водеше 2:0 и не победи во Лондон
Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Сити ремизираа 2:2 во Лондон во 24-то коло од Премиер лигата.
Сити, доминираше, стекна предност од два гола, но не успеа да победи.
Гостите влегоа одлично во натпреварот, поведоа во 11-та минута со голот на Рајан Шерки.
Шерки можеше да постигне уште еден гол во 24-та минута, но Гуљелмо Викарио го одбрани неговиот удар.
Немаше промена во резултатот се до финишот на првото полувреме, во 44-та минута, Антоан Семењо го дуплираше водството на Сити.
Второто полувреме тргна во поинаква насока, прво во 53-таа минута, Марк Гуехи си постигна автогол и Тотенхем ја намали разликата, а во 70-та минута, Доминик Соланке ја затресе мрежата на Сити по асистенција на Конор Галагер за 2:2.
Сити остана на второто место во Премиер лигата со 47 бода, шест помалку од Арсенал кој е прв на табелата.
Од друга страна, Тотенхем е на 14-та позиција со 29 бода.
Во продолжението од сезоната, Тотенхем го очекува дуел со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, додека Сити гостува кај Ливерпул.
Foto/ EPA
Спорт
Германија немаше шанси – Данска е Европски првак
Ракометартите на Данска, на домашен терен го освоија златниот медал на 17-то Европско првенство. За Данска ова е втора титула на континеталните натпреварувања, прва по 2014 година. Данците, исто така, потврдија дека се најмоќната ракометна нација, во овој момент тие се актуелни европски, светски олимписки шампиони.
Данска, во финалето на ЕП, во Хрнинг, ја победија Германија со 34:27.
Во текот на првото полувреме, како што се очекуваше, се водеше немилосрдна борба, се играше гол за гол, а потоа Данска се одлепи на 12:9, на што Германците ексрепсно возвратија, благодарени на брилијантниот голман Волф. Првио дел заврши со предност на Данска од два гола.
Во продолжението од натпреварот, голманите Волф и Мелер, блескаа ги оставија играчите пет минути без постигнат гола.
Данска прва се разбуди и на нешто повеќе од десет минути пред крајот избега на 26:22. Германија се обиде, но по 53-та минута целосно паднаа во играта.
Најефикасни во тимот на Данска беа Симон Питлик со осум, Јохан Хансен со седум, Матијас Гидсел со шест, Томас Арнолдесн со четири гола. Кевин Мелер имаше 11 одбрани. За Германија, Андреа Волф имаше 14 одбрани, а Марко Гргиќ, Јури Кнор и Јоханес Гола постигнаа по пет гола.
Во борбата за бронзениот медал, Хрватска ги контролираше настаните на паркетот против Исланд, на самиот крај се коцкаше, му дозволи на Исланд да стигне од 23:29 до 32:33, но на крајот стигна до заслужената победа.
Foto/ EPA
Спорт
Гидсел МВП на Европското првенство
Данскиот ракометен репрезентативец Матијас Гидсел е прогласен за најкорисен играч (MВП) на Европското првенство, објавено е на официјалната веб-страница на Европската ракометна федерација (EHF).
Германецот Андреас Волф е избран за најдобар голман. Норвешкиот ракометар Аугуст Педерсен е прогласен за најдобро лево крило, додека Данецот Симон Питлик е најдобар лев бек на Европското првенство.
Исланѓанецот Гисли Кристјансон е избран за најдобар централен бек. Најдобро десно крило е Марио Шоштариќ од Хрватска, додека Португалецот Франциско Кошта е избран за најдобар десен бек.
Германецот Јоханес Гола е прогласен за најдобар пивотмен. Најдобар дефанзивец е Португалецот Салвадор Салвадор, додека најдобар млад ракометар е неговиот сонародник Франциско Коста.
ЕП започна на 15 јануари во Данска, Норвешка и Шведска, а завршува вечерва во Хернинг.

