Спорт
Идеалниот тим во Бундес лигата, сезона 2010/2011
Синдикатот на фудбалерите кои настапуваат во германските професионални фудбалски лиги, го избра идеалниот тим во Бундес лигата за сезоната 2010/2011.
Синдикатот на фудбалерите кои настапуваат во германските професионални фудбалски лиги, го избра идеалниот тим во Бундес лигата за сезоната 2010/2011. За најдобар фудбалер е избран Нури Сахин кој освои 30,3 отсто од гласовите, овој фудбалер веќе ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во Реал. Второто и третото место им припадна на Марио Геце (Борусија Дортмунд) и Марио Гомез (Баерн Минхен). Очекувано за најдобар тренер е избран предводникот на новиот шампион, Борусија Дортмунд, Јирген Клоп. Идеалниот тим во Бундес лигата изгледа вака:Мануел Нојер, Филип Лам, Матс Хумлес, Невен Суботиќ, Марсел Шмелцер, Аријан Робен, Нури Сахин, Артуро Видал, Марио Геце, Марио Гомез, Папис Демба Сисе. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал му фрли око на Вилијам Салиба
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид изминатите три сезони мака мачи со повредите на фудбалерите, тие најмногу се изразени во дефанзивниот дел на тимот. Сезонава Карло АНчелоти не може да смета на Дани Карвахал и Едер Милитао ја завршија сезоната, Давид Алаба никако да се врати во тимот, повторно се повреди откако претходно отсуствуваше 13 месеци, а минатиот викенд се повреди и најстандарниот, Антонио Ридигер.
Поради големиот број повреди Карло Анчелоти мора да експериментира од натпревар во натпревар. Откако на мечот против Еспањол се повреди Германецот Антонио Рудигер, Реал остана на располагање само со Раул Асенсио.
Анчелоти поради тоа беше принуден да го користи Аурелиен Чуамени како централен бек, иако по природа е играч од средниот ред.
Флорентино Перез донел одлука да го засили тимот во летниот преоден рок токму на оваа позиција. Според шпанските медиуми, прв на листата на желби е Вилијам Салиба.
Станува збор за 23-годишен Французин кој веќе неколку години е столб на одбраната на Арсенал. „Топчиите“ му платија 30 милиони евра на Сент Етјен, каде прво го оставија на позајмица, а потоа го испратија на позајмици во Ница и Марсеј.
Конечно, од 2022 година, Салиба се наметна на „Емирати“ и прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во светот, кој минатата година беше номиниран за „Златната топка“.
Според „Трансфермаркт“, тој вреди 80 милиони евра и сигурно е дека Реал за неговите услуги на лето би требало да плати најмалку 100 милиони евра.
Салиба на тој начин би станал најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот и би го соборил рекордот на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол. Да потсетиме, Гвардиол испиша историја пред 18 месеци кога од Лајпциг се пресели во Манчестер Сити за 90 милиони евра.
Спорт
Одемарт доминантно го освои првото злато на мундијалот во Залбах
Швајцарецот Марк Одермат, кој стана олимписки шампион во Пекинг во велеслалом во 2022 година, го освои златото на Светското првенство во Залбах, Австрија, во супер-Џи.
За супериорното возење на 27-годишниот во петокот сведочи резултатот на неговиот врсник и освојувачот на сребрениот медал Рафаел Хазер (Австрија), Швајцарецот беше побрз за една секунда.
Подиумот го пополни 30-годишниот Норвежанец Адријан Смитет Сејерстед, со заостанување од 1,15 секунди од победникот.
🇨🇭Marco Odermatt draws perfect run to win SG title 🥇@saalbach2025 #fisalpine #saalbach2025 #skiverrückt #wintersport pic.twitter.com/3cYFa8oHnL
— FIS Alpine (@fisalpine) February 7, 2025
Одермат ги освои златните медали во велеслалом и спуст на претходното издание на скијачкиот Мундијал во Куршевел.
За доминацијата на Одермат во последните години сведочи и фактот што тој го освои големиот кристален глобус во секое од претходните три изданија на Светскиот куп.
По 25 од 38 трки, Одермат има 1.066 поени во генералниот пласман, 320 повеќе од второпласираниот Норвежанец Хенрик Кристофсен.
Швајцарецот има 93 поени повеќе од неговиот сонародник Франц фон Алман во спуст, 119 повеќе од Австриецот Винсент Крихмајр во супер-Џи и 71 повеќе од Норвежанецот Александар Стин Олсен во велеслалом.
Спорт
Сити го пријави Родри за нокаут фазата во ЛШ
Манчестер Сити ги регистрираше играчите за втората фаза во Лигата на шампионите. На спиското се наоѓа и Родри, за кого се прогонозираше дека оваа сеозна нема да игра.
Манчестер Сити не успеа да обезбеди директен пласман во осминафиналето и пласман во топ 16 ќе мора да бара преку двомечот со Реал Мадрид.
Добитникот на „Златната топка“, Родри, се повреди на дуелот против Арсенал (23 септември), сите веќе претпоставуваа дека сезоната на Родри е завршена. Сепак, неколку недели по операцијата, Родри во неколку интервјуа кои ги даде за различни шпански и англиски медиуми најави дека можеби ќе може да се врати на терените до крајот на оваа сезона.
И оваа информација сега потврдува дека навивачите имаат на што да се надеваат кога е во прашање враќањето на еден од клучните играчи на тимот.