Спорт
Русија повторно првак на Европа во атлетика

По два дена атлетски натпревари во норвешкиот град Берген, Русија ја одбрани минатогодишната титула европски првак во атлетика. Руските атлетичарки и атлетичари суверено го освоија првото место со 385 бодови
По два дена атлетски натпревари во норвешкиот град Берген, Русија ја одбрани минатогодишната титула европски првак во атлетика. Руските атлетичарки и атлетичари суверено го освоија првото место со 385 бодови, дури 53,5 бодови повеќе од второпласираната Германија. Украина на третото место успеа да собере повеќе бодови од фаворизираната репрезентација на Велика Британија.Конечен пласман:1. Русија 385 бодови2. Германија 331,53. Украина 3044. В. Британија 2895. Франција 2846.Полска 2647.Шпанија 2458.Италија 2379.Белорусија 22010.Чешка 21711.Португалија 176,512.Шведска 158. /крај/Макфакс/.м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ансу Фати е пред трансфер во Монако

Ансу Фати, некогаш вундеркиндот на Барселона, би можел да го засили Монако ова лето.
Играчот кој важеше за најголем талент во Барселона пред Ламин Јамал да се појави на големата сцена, треба да помине медицински прегледи во текот на неделата и да потпише за клубот од Кнежевството.
Станува збор за позајмица, но Монако потоа би имал можност да го откупи договорот на Фати од каталонскиот клуб.
Со 16 години и 304 дена, Фати беше најмладиот стрелец во историјата на Барселона и е се сметаше за наследник на Меси, но потоа повредат на коленото речиси му ја уништи кариерата.
Минатата сезона, тој настапи само на шест натпревари и јасно е дека не е во плановите на тренерот Флик.
Затоа, преселбата во Монако би можела да биде можност за 23-годишниот напаѓач да ја оживее својата кариера по долг период на стагнација.
Спорт
Прошталниот меч на Хамшик ќе биде проштален и за Мертенс

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс објави дека ја завршува кариерата на 38-годишна возраст.
Мертенс ги помина последните три сезони во Галатасарај, а славата ја стекна во дресот на Наполи, каде што играше девет години.
Токму во Неапол изгради пријателство со Марек Хамшик, а натпреварот кој ќе се одигра во чест словачкиот фудбалер ќе биде последен за Мертенс. Станува збор за ревијален натпревар во Братислава.
„Едвај чекам да го одиграм последниот натпревар со тебе. Престанав да играм фудбал, но за последен пат ќе ги облечам копачките за тебе.
За мене, ти секогаш ќе бидеш капитенот и најсилниот човек со кој некогаш сум играл“, рече Мертенс во видео порака.
Мертенс постигна 135 гола на 397 натпревари за Наполи.
Спорт
Венеција од Интер го откупи договорот на Станковиќ

Српскиот голман Филип Станковиќ официјално стана член на Венеција, која го откупи неговиот договор од Интер.
Станковиќ ја изминатата сезона ја мина во Венеција како позајмен играч, а клубот одлучи да ја активира откупната клаузула, која изнесува два милиони евра.
Синот на Дејан Станковиќ потпиша договор до 2029 година. Пред Венеција, Интер го позајми 23-годишниот голман на Волендам и Сампдорија.
Следната сезона, Станковиќ ќе брани во Серија Б, бидејќи минатата сезона клубот го зазеде претпоследното место во Серија А и испадна од лигата.