Спорт
Хеј: Кличко ќе ползи на колена и лактови
Носителот на титулата во ВБА Дејвид Хеј ја загрева атмосферата пред саботниот дуел на деценијата против Владимир Кличко.
Носителот на титулата во ВБА Дејвид Хеј ја загрева атмосферата пред саботниот дуел на деценијата против Владимир Кличко. Откако на конференцијата за печат одби да се ракува со Кличко, сега најави дека светскиот првак во везиите ВБО, ИБФ и ИБО, Владимир Кличко крајот на мечот ќе го дочека ползејќи.Хеј (30 г.) стана светски првак откако го победи рускиот џин Николај Валуев во меч наречен Давид и Голијат. Но, Кличко е сосема поинаков боксер од Валуев, па малкумина веруваат дека брзиот Хеј ќе може да ја одработи истата стратегија против трикратниот првак кој е далеку поголем техничар од Валуев.Како и да е во сабота навечер светот ќе добие првак во тешка категорија кој што ќе ги обедини четирите титули во четири професионални боксерски верзии.крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претседателот на Селтик поднесе оставка поради закани
Претседателот на Селтик од Глазгов, Питер Ловел (66), објави дека неговиот мандат како прв човек на клубот ќе заврши на последниот ден од годината.
Причината за таквата одлука, како што рече, се заканите што ги добива во последно време од различни страни.
„Верувам дека покажав способност да се справам и да надминам многу предизвици на повеќе фронтови, но навредите и заканите од одредени извори се интензивираа и станаа неприфатливи. Тие го ужаснаа и вознемирија моето семејство“, изјави Лавел за веб-страницата на клубот.
„Во оваа фаза од мојот живот, не ми треба ова. Не можам да го прифатам ова и затоа го напуштам клубот што го сакав целиот свој живот. Мотивациите и целите на овие критичари можат да ги истражат други. Претпочитам да се осврнам на мојата кариера во Селтик со длабока благодарност и задоволство“, додаде тој на крајот.
Ловел ја извршуваше таа позиција во последните три години.
Тој е во клубот 18 години, а пред да стане претседател, ја извршуваше функцијата извршен директор.
Заедно со членовите на Управниот одбор, тој со месеци е на удар од навивачите поради лошите резултати на тимот, кој не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите, додека во домашната лига заостанува шест бода зад лидерот Хартс.
Тимот неодамна го презеде Вилфред Ненси, меѓутоа, тој ги загуби првите три натпревари што ги водеше, па се постави прашањето дали има потреба да се замени привремената опција во лицето на Мартин О’Нил.
Брендан Роџерс ја започна сезоната на клупата, но поради неостварени цели, поднесе оставка во октомври.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сити и Њукасл се во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити и Њукасл изборија пласман во полуфиналето на Лига куот.
Сити на домашен терен го победи Брентфорд со 3:0. Стрелци за тимот на Пеп Гвардиола беа Рајан Шерки во 32-та минута и Савињо во 67-та.
Францускиот фудбалер, овогодишно засилување од Лион, ја потврди својата класа. Посебно внимание заслужува голот што го постигна: откако ја прими топката веднаш надвор од шеснаесетникот, се ослободи противникот, а потоа испрати „ракета“ во голот на гостите.
Францускиот фудбалер на тој начин го најави пласманот на Сити во полуфиналето на натпреварувањето за прв пат од 2021 година, кога „граѓаните“ го кренаа пехарот.
Потврдата за триумфот и пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Лига купот дојде во 67-та минута кога со малку среќа погоди Савињо.
Њукасл во драматичен меч го победи Фулам со 2:1. Јоан Виса постигна гол за „страчките“ во 10-та минута, но шест минути подцна изедначи Лукиќ.
„Мирисаше“ на пенали во дождливиот Њукасл, но Мајли со глава во втората минута од судиското продолжение му ја донесе победата на домашниот тим.
Покрај Сити и Њукасл, во фазата Топ 4 се пласираше и Челзи, додека наредниот вторник ќе играат Арсенал – Кристал Палас.
Полуфиналето на Лига Купот се игра во два натпревари.
Спорт
(Видео) Атлети и Реал поминаа на „мускули“, Виљареал и Селта испаднаа од Купот на Кралот
Фудбалерите на Атлетико и Реал Мадрид се провлекоа во осминафиналето на Купот на Кралот, додека од ова натпреварување испаднаа Виљареал и Селта.
Атлетико, победи со 3:2 кај членот на Четвртата лига, Атлетико Балеари, а Реал со ист резултат победи кај Талавера. Виљареал загуби во Снатандер, од Расин со 2:1, а Селта доживеа елиминација од Албасете, по изведувањето пенали.
Атлетико Мадрид во првите 20 минути постигна два гола, преку Гризман и Распадори и тука застана. Домаќинот намали во првиот дел, а потоа имаше и неколку добри шанси за 2:2. Кога Гризман постигна гол се чинеше дека е се решено, но екипата од Балерати доби пенал во 80-та минута, Мусо успеа да одбрани, потоа Аргентинецот имеше една брилијантна интервенција. Во 90-та минута, Балеарите добија уште еден пенал, а Kејта ги постави кончните 2:3.
Сличен меч одгра и Реал, Мбапе погоди за 0:1, а потоа Фарандо постигна автогол за 0:2. Аројо намали на 10 минути до крајот, Мбапе постигна гол во 88-та минута. Во следниот напад Талавера не доби пенал, а Ди Ренцо во 91-та минута намали на 2:3. Продолженија спречи голманот Луни со брилијанта интервенција во 93-та минута.
Расинг во целост го надигра Виљареал, тим кој се наоѓа на третото место во Примера. Арана влезе во натпреварот „наоштрен“ и практично му донесе победа на својот тим со два гола во шестата и 28-та минута.
Виљареал го постигна единствениот гол во 86-та минута кога Перез постигна гол.
Селта доживеа ѓок во Албасете во 93-та минута кога домашниот тим изедначи на 2:2. Во прдолженијата немаше голови, а во пенал серијата, Албасете постигна три, а Селта ниту еден гол. Пеналите не ги реализираа Мингеса, Алварез и Јаго Аспас.

