Спорт
Додека други се грабаат за Неимар, Јувентус го „собра“ Данило
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/f88dd410-9254-45a3-892a-20f25885daa4.jpeg)
Неколку европски клубови лицитираат за најголемата бразилска надеж, 19 годишниот фудбалер на Сантос Неимар, а клубот гледа да извлече што поголемо обештетување, Јувентус го обезбеди една година постариот Данило.
Неколку европски клубови лицитираат за најголемата бразилска надеж, 19 годишниот фудбалер на Сантос Неимар, а клубот гледа да извлече што поголемо обештетување, Јувентус го обезбеди една година постариот Данило.Лјуиз Да Силва Данило минатата година дојде во Сантос од Минеиро и во 27 мечеви за славниот Сантос постигна 7 голови. Бенфика се обидуваше да го доведе младиот Бразилец, но Јувентус беше побрз. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Тргувањето во НБА го нарече модерно ропство, па на своја кожа почувствува како функционираат работите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/USATSI_25072325_168415193_lowres.jpg)
Денис Шрудер пред неколку дена го нарече самоволието на клубовите кога е во прашање периодот за „тргување“ со играчи во НБА „модерно ропство“. А потоа, во рок од 24 часа, „на своја кожа“ почувствува како функционираат работите. Неверојатно е дека за само 24 часа, Шрудер смени четири франшизи.
МВП на претходниот Мундијал ја започна сезоната во Бруклин Нетс, кој пред еден месец го трејдуваше во Голден Стејт Вориорс.
Пред неколку дена, шокантниот трејд на Лука Дончиќ за која сите зборуваа, Шрудер имаше многу јасен став:
„Ова е модерно ропство. И покрај тоа што имате договор, секој може да одлучи каде ќе одите. Се разбира, заработуваме многу, но кога се ќе се сведе на тоа, ако ти кажат – не доаѓај утре на работа, те пративме на друго место, тоа значи дека тие одлучуваат за се. Тоа би требало малку да се смени“.
А потоа сè се смени за германскиот кошаркар, и тоа повеќе пати за само 24 часа.
Вориорс прво го испратија во Мајами во замена за Џими Батлер, но Мајами веднаш го препрати во Јута во истиот трејд.
Шрудер дури се загреваше и се надеваше дека ќе дебитира за Јута кога го повикале во соблекувалната и го известиле дека е разменет во Детроит.
Спорт
„Без Мбапе сме подобри и во одбраната и во нападот“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-4.jpg)
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека не жали по Килијан Мбапе, кој минатото лето како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе не му помогна на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, ќе видиме дали ќе го направи тоа во „кралскиот клуб“, но факт е дека не се раздели со „светците“ во најдобри односи.
Ниту со тренерот Луис Енрике, инаку легенда на Барселона.
„Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме подобри во нападот и одбраната. Тоа постојано го кажувам и бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаа Килијан, но тимот реагира позитивно. Сакав повеќе играчи да постигнуваат голови. Зрелоста е многу важна работа”, изјави Енрике.
Затоа, од друга страна, тој е презадоволен од настапите на Усман Дембеле оваа сезона.
„Го познавам од Барселона, тој е многу отворен тип. Тој игра спектакуларно, статистиката покажува дека „експлодира“ оваа сеозна. Не го ограничуваме, тој мора да биде важен за тимот, да носи одлуки. Тој треба да биде лидер и мислам дека може да го направи тоа“, подвлече Луис Енрике.
Спорт
(Видео) Леброн најмлад и најстар играч со 40+ поени на еден натпревар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/76939479-52ec-417e-95f1-c33657a4221e.jpg)
Леброн Џејмс постигна 42 поени, забележа 17 скока и осум асистенции за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Голден Стејт Вориорс со 120:112. Од денес тој е најмладиот и најстариот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени на еден натпревар.
Џејмс првпат ја мина таа граница на возраст од 19 години и 88 дена на мечот помеѓу Кливленд Кавалирс и тогашните Њу Џерси Нетс. Заврши со 41 поен, шест скока и 13 асистенции.
Во петокот тој стана и најстариот играч со 40+ поени на еден натпревар.
Единствениот кој постигнал повеќе од 40 поени по својот 40-ти роденден беше Мајкл Џордан, кој постигна 43 за Вашингтон Визардс против Нетс во 2003 година.