Контакт

Спорт

НБА замрзна во 24:00

Објавено пред

Њујорк 01.07.2011 (макфакс) – Синоќа точно на полноќ, по локално време, настапи замрзнување на сите активности во НБА лигата.

Њујорк 01.07.2011 (макфакс) – Синоќа точно на полноќ, по локално време, настапи замрзнување на сите активности во НБА лигата.Таканаречениот „локаут“ е прогласен откако сопствениците на клубовите и организацијата на играчите не се договорија за процентот од прометот кој ќе се троши на плати на кошаркарите.Сопствениците на клубовите повеќе не сакаат 57 проценти од буџетот да се трошат на плати на кошаркарите и предлагаат намалување на износот за 750 милиони долари по година.  На овој начин сметаат сопствениците клубовите ќе престанат да генерираат загуби кои само последната година изнесуваа една милијарда долари. За 2010/2011 година од 30 клубови, 22 пријавија работење со загуба.Играчите се согласија на намалување на делот за плати од само 2,7 проценти, односно тој да изнесува 54,3 со што според нив тие би загубиле 500 милиони долари, но сопствениците не се согласија.Последен пат локаут имаше во 1998/99 година кога заради должината на замрзнатиот период во регуларниот дел клубовите одиграа само по 50 мечеви.Во март настапи локаут и во американската професионална фудбалска лига (НФЛ). крај/макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Реал со нула во Сан Себастијан ја отворија сезоната

Објавено пред

Реал Мадрид во првиот официјален натпревар во новата сезона одигра 0:0 во Сан Себастијан против Реал Сосиедад.

Во натпревар без многу убавина најголемата шанса за постигнување на гол ја имаа домашните фудбалери. Во 43 минута репрезентативецот на Шведска Исак шутираше но Куртоа брилијанто го спаси својот гол.

Баренечеа имаше обид на стартот од вториот дел кој заврши крај голот. Реал единствено се заканија преку Бензема чии удар го одбрани Ромеро.



Прикажи повеќе...

Спорт

Пирло стартуваше со победа – Кулушевски прв го погоди голот на Сампдорија

Објавено пред

Андреа Пирло и неговиот Јувентус со победа стартуваа во новата сезона во Серија А. Бранителите на титулата во првата рунда славеа над Сампдорија со 3:0.

Од стартот Пирло изненади со поставата која го започна мечот на теренот се најдоа младиот Фработа и засилувањето од Шалке, Американецот Мекени. Одбраната на Сампдорија првиот пат капитулираше во 13 минута. Успеаја да го запрат Кристијано Роналдо, но топката се одби до Кулушевски, кој од 15 метри пласираше и го погоди спротивниот агол на голот кој го брани Аудеро.

Летното засилување го постигна дебитантскиот гол за најтрофејниот италијански тим.

Отпорот на Сампдорија Јувентус конечно го скрши во последните десет минути од натпреварот.

Бонучи ја дуплираше предноста во 79 минута, а конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо во претпоследната минута.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мане ги казни грешките на Кристенсен и Кепа, Ливерпул го победија Челси

Објавено пред

Ливерпул славеа на „Стенфорд Бриџ“ против Челси со 2:0 во премиерлигашкото дерби одиграно во рамките на 2.коло. Одново одбраната на челси беше таа која го турна тимот во пораз. Кристенсен на истекот на првиот дел доби врцен картон, а голманот Кпеа во второто полувреме на противниците им го подари вториот гол.

Во тактичко надмудрување, без многу убавина во играта мина првиот дел, во кое Ливерпул ја контролираше играта, но без конкретна закана кон голот на „сините“.

На истекот на првиот дел Мане му побегна на Кристенсен, Данецот направи фаул за кој доби црвен картон.

Во вториот дел Ливерпул влезе со намера што побргу да постигне гол, тоа им успеа во 50 минута кога по акцијата на Салах и Фирмино, Мане му побегна на Џејмс и од непосредна близина ја зафати топката со глава и го матираша Кепа.

Четири минути подоцна Сенегалецот успеа да пресече едно додавање на голманот на Челси и го постави конечниот резултат.

Жоргињо не реалзиираше пенал за Челси во 72 минута. Алисон Бекер го одбрани неговиот удар. На пеналот му претходеше прекршокот на Алкантара врз Вернер. Десет минути подцна Алисон се истакна уште еднаш кга го одбрани ударот на Ејбархам.

Во финишот Кепа забележа две интервенции со кои спречи повисок пораз на својот тим.



Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија9 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија11 час

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Македонија14 часа

Утре ќе се знае дали ќе има дневен престој во училиштата, не е исклучена можноста за затворање на градинките

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Регион14 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија15 часа

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија17 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија17 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура17 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија18 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет1 ден

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет1 ден

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура1 ден

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет1 ден

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ1 ден

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион1 ден

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија1 ден

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион1 ден

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија1 ден

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Досие