Контакт

Спорт

ФИФА: Сирија и Јемен домаќини на неутрален терен

Објавено пред

Светската фудбалска федерација – ФИФА, денеска објави дека во Сирија и Јемен безбедносната состојба не е стабилна за одигрување на фудбалски натпревари во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Светската фудбалска федерација – ФИФА, денеска објави дека во Сирија и Јемен безбедносната состојба не е стабилна за одигрување на фудбалски натпревари во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство. ФИФА соопшти дека Сирија како домаќин својот натпревар на 23. јули против Таџикистан ќе го одигра во Јордан. Реваншот кој на програмата е пет дена подоцна ќе се одигра во градот Турсунзаде во Таџикистан. ФИФА не објави каде својот реванш натпревар на 28. јули ќе го одиграат Јемен и Ирак. Победниците од овие натпревари ќе се пласираат во завршниот жреб, кој на 30.јули ќе се одржи во Рио де Женеиро.   крај/б/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Поранешен соиграч на Јокиќ ќе потпише за Панатинаикос

Објавено пред

Панатинаикос не игра добро на почетокот на сеозната во Евролигата. Зелените се на скор од пет победи и четири порази. Покрај тоа тимот остана без класичен центар, Лесор се уште е на рехабилитација, а во меѓувреме се повредија Хомс и Јурцевен.

dobivaj vesti na viber

Дека не може да игра без класичен центар, Ергин Атаман најдобро виде во средата, кога Панатинаикос доживеа тежок пораз во Белград од Црвена звезда (86:68).

Сопственикот на тимот Димитрис Јанакопулос најде решение за центарската позиција во Тајван, поточно во ликот на НБА ветеранот Кенет Фарид, поранешен соиграч на Никола Јокиќ во Денвер четири сезони.

Фарид помина седум сезони таму, а ги бранеше и боите на Бруклин и Хјустон, додека европско искуство стекна во ЦСКА Москва во 2021 година и во Реџо Емилија минатата сезона.

Популарниот „Менимал“, кој за една недела ќе наполи 36 години, целата своја кариера ја играл на позицијата крилен центар, но Фарид, висок 203 см, ќе може да ги покрива центарските позиции во Европа, единственото прашање е дали ќе може да го стори тоа во елитното континентално натпреварување.

Фарид играше во НБА (478 лигашки натпревари и 18 плејоф натпревари) од 2011 година, кога беше избран како 22-ри пик на драфтот, до 2019 година и неговото прво патување во Кина, а играше и во Мексико и Порторико. Тој беше дел од репрезентацијата на САД која го освои Светското првенство во Шпанија во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тата Мартино се врати во Атланта

Објавено пред

МЛС тимот Атланта го ангажираше повторно Херардо „Тата“ Мартино за тренер, а договорот е потпишан до 2027 година, објави клубот.

dobivaj vesti na viber

Мартино се враќа во клубот што го водеше до титулата шампион на МЛС во 2018 година и беше прогласен за тренер на годината.

„Овој момент не е враќање во минатото, туку можност да се изгради нова основа и да се продолжи да се развива во согласност со барањата на редовната борба за врвот на МЛС“, рече сопственикот на клубот Артур М. Бланк.

Мартино го напушти Интер Мајами пред речиси една година од лични причини, по една сезона во клубот. Во текот на својата кариера, тој освои 11 трофеи на клупско и репрезентативно ниво во Северна и Јужна Америка, како и во Европа.

Интер Мајами го ангажираше во јули 2023 година, во моментот кога Лионел Меси го имаше своето деби за клубот. Мартино претходно го тренираше Меси во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина.

Под негово водство, Интер Мајами оствари учинок од 26 победи, девет нерешени резултати и 12 порази во МЛС лигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб

Објавено пред

Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.

Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.

Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија7 минути

За најмногу шест месеци: од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија4 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет4 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија4 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион7 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет7 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија7 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија20 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија21 час

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија23 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ1 ден

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија1 ден

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија1 ден

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион1 ден

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија1 ден

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...