Контакт

Спорт

Сто илјади луѓе го пречекаа Ѓоковиќ

Објавено пред

Шампионот на Вимблдон и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ вечерва во Белград, на платото пред Собранието, беше пречекан од 100.000 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Шампионот на Вимблдон и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ вечерва во Белград, на платото пред Собранието, беше пречекан од 100.000 луѓе.„Успеавте овој ден да ми го направите најдобар во мојот живот. Ова никогаш нема да ви го заборавам, пехарот и е посветен на Србија“, рече Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на светот потоа му се заблагодари на својот тим, семејството и пријателите. Стоилјадната толпа возврати со повиците „Ноле, ние те сакаме“ и „Шампиони“.  Претходно Ѓоковиќ беше пречекан од неколку илјади луѓе на аеродромот „Никола Тесла“, каде изјави дека неговите чувства се исти како и претходниот ден.„Чувството е исто како и по победата. Немав доволно време сето тоа да го анализиран, славењето допрва доаѓа. Уморен сум, но и возбуден што победата ќе ја прославам со својот народ“, изјави Ѓоковиќ по слетувањето. Тој дополни дека животната цел ја остварил уште пред финалето, кога стана број еден на светскиот тенис.  Низ белградските улици, според извештаите на српските медиуми, Ѓоковиќ бил поздравен од незапаметен број на луѓе.    крај/бл/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Вајзер ќе отсуствува со месеци поради повреда на коленото

Објавено пред

Фудбалерот на Вердер Бремен, Мичел Вајзер, ќе отсуствува неколку месеци откако ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото за време на тренинг.

dobivaj vesti na viber

Вајзер заработи повреда на десната нога во среда попладне, а дијагнозата ја потврди медицинскиот тим на клубот по магнетна резонанца.

Опциите за третман и терапија ќе бидат дефинирани во наредните денови, но се очекува Вајзер да отсуствува најмалку неколку месеци.

„Оваа вест силно нè погоди сите. Ова е голем удар, и на спортско и на лично ниво“, рече новиот тренер Хорст Штефен, додавајќи:

„Неверојатно ми е жал за Мичел. Како тим и како клуб, ќе направиме сè што можеме за да му помогнеме да се опорави и да се врати во тимот што е можно поскоро.“

Вајзер беше еден од најдобрите играчи на Бремен минатата сезона, со пет гола и осум асистенции, додека тимот заврши на осмото место и беше во трка за место во Европа поголемиот дел од сезоната.

Неговото отсуство ќе биде уште потешко поради повредите на другите клучни играчи, Јенс Стејџ (повреда на стапалото) и Марвин Дукша (теле), кои исто така се здобија со повреди за време на подготовките.

Вајзер, 31, со години е еден од најважните играчи на Вердер. Само минатата сезона, тој постигна 5 гола и имаше 9 асистенции во Бундеслигата – претежно играјќи како крилен бек.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бањаја го искористи падот на Маркез и ја освои пол-позицијата

Објавено пред

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои денешната пол позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП.

dobivaj vesti na viber

Бањаја стигна до првата пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1.52.303.

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди.

Фабио Куартараро од Јамаха го освои третото место, 0,305 секунди зад победникот во квалификациите.

Спринт трката за Големата награда на Чешка ќе се одржи денес од 15:00 часот, додека главната трка е утре во 14:00 часот.

Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 344 поени, Алекс Маркез е втор со 261, а Банџаја е трет со 197.

Анкета

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал подготвува засилувања во НБА

Објавено пред

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид е во фаза на преговори со НБА играчот Чума Океке.

dobivaj vesti na viber

Американецот веќе имаше неколку понуди од други клубови од Евролигата, откако дозна дека повеќе не е член на тимот на Кливленд Кавалирс.

Океке одигра 203 натпревари во НБА, каде што играше за Орландо , Филаделфија и Кливленд во пет сезони.

Тој имаше просек од 6,3 поени.

Во 2019 година, Океке беше избран како 16-ти пик на драфтот во НБА, а во кариерата бараше и минути преку развојната лига, каде што играше за подружницата на Њујорк Никс.

Досега, Реал ги доведуваше Дејвид Крамер и Тео Маледон , покрај промените на паркетот, Мадрид го смени и тренерот, па од следната сезона, шпанскиот тренер Серхио Скариоло ќе го води кралскиот клуб наместо Кус Матео.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од...

Македонија4 часа

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized4 часа

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија5 часа

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија5 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија7 часа

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија8 часа

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија22 часа

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија24 часа

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ24 часа

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија1 ден

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија1 ден

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија1 ден

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија1 ден

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија1 ден

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија1 ден

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ1 ден

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт1 ден

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...