Спорт
Работнички и Ренова ќе ги одиграат реваншите во Лига Европа

Македонските преставници во фудбалската Лига Европа, Работнички и Ренова, вечера ќе ги одиграат возвратните средби од првото квалификациско коло.
Македонските преставници во фудбалската Лига Европа, Работнички и Ренова, вечера ќе ги одиграат возвратните средби од првото квалификациско коло. Работнички кој веќе може да размислува на следниот противник, на домашен терен, на „Филип Втори“ ќе игра со естонскиот преставник Транс Нарва. „Романтичарите“ на првиот меч како гости забележаа убедлива победа од 4:1, дуелот стартува во 20 часот. Ренова, со оглед на изданието од првиот меч, ќе има потешка задача против северноирскиот Гленторан. Ренова на домашен терен во првиот натпревар со 2:1 го победи Гленторан. Натпреварот во Белфаст, Гленторан-Ренова ќе започне во 20:45 часот. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи отпиша шест играчи

Фудбалскиот клуб Челзи им соопштил на шестмина фудбалери дека менаџерот Енцо Мареска нема да ги користи во новата сезона. заврши со шест играчи, според англиските медиуми.
„Стенфорд Бриџ“ ќе го напуштата: Николас Џексон, Кристофер Нкунку, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Аксел Дисаси и Ренато Веига. Засега нема информации каде овие фудбалери ќе ги продолжат своите кариери, но наводно повеќето од нив веќе се во преговори со дригу клубови.
Челзи со овој потег влезе во последната фаза од реконструкцијата на тимот и ростерот за сезоната 2025/2026.
Следните играчи го напуштија Челзи оваа сезона:
Нони Мадуеке (Арсенал), Жоао Феликс (Ал Наср), Ѓорѓе Петровиќ (Борнмут), Лесли Угочукву (Бернли), Кирнан Дјусбери-Хол (Евертон), Армандо Броја (Бернли), Матис Амугу (Стразбур), Башир Хамфрис (Бернли), Кепа Аризабалага (Арсенал), Маркус Бетинели (Манчестер сити).
Нови играчи на „Стенфорд Бриџ“ се:
Жоао Педро (Брајтон), Џејми Гитенс (Борусија Дортмунд), Жорел Хато (Ајакс), Лиам Делап (Ипсвич), Естевао (Палмеирас), Дарио Есуго (Спортинг), Мамаду Сар (Стразбур) и Кендри Паез (Индепендиенте).
Спорт
Прекината постапката против Тер Штеген, клубот му ја врати капитенската лента

Барселона го доби она што го сакаше од Марк-Андре тер Штеген и веднаш објави дека Германецот ќе остане капитен.
Ханси Флик му стави до знаење на Тер Штеген дека не е во плановите за претстојната сезона, Тер Штеген одлучи да оди на операција на грбот. Беше објавено дека нема да може да игра три месеци, а клубот тврди дека паузата ќе трае најмалку четири.
Затоа во Барселона сакаа да се повикаат на посебно правило и на тој начин да го регистририраат Џоан Гарсија. Германецот не сакаше да ја потпише документацијата што ќе му дозволи на клубот да го стори тоа, и оттука започнаа сите проблеми.
Откако во петокот се огласи Тер Штеген, кој само сакаше да ја изнесе својата страна од приказната и да му даде до знаење на клубот дека е подготвен да разговара за решавање на проблемот, пред полноќ Барселона потврди дека го добила она што го сакала.
Тер Штеген ги потпишал медицинските документи, што ќе ѝ овозможи на Барселона да го регистрира новиот голман Џоан Гарсија и со тоа дисциплинската постапка заврши. И капитенската лента му беше вратена на Германецот.
„Клубот ја информира јавноста дека Марк Андре тер Штеген го потпиша овластувањето потребно за клубот да ја испрати медицинската документација до Ла Лига во врска со неговата операција.
Дисциплинската е затворена, а на играчот му е вратен статусот, капитен на тимот. Одлуката стапува на сила веднаш“, се вели во краткото соопштение на Каталонците.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Модриќ за Милан и бројот 14

Лука Модриќ, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, се пресели во Милан. Најголемите успеси во 13-годишната кариера во Реал ги постигна со „десетката“ на грбот. Во Милан ќе го носи бројот 14.
Долгогодишниот капитен на хрватската репрезентација во интервју за „ДАЗН“, пред натпреварот помеѓу Милан и Лидс во Даблин, откри зошто го избрал бројот 14. Инаку, овој број го просалави легендарниот Холанѓанец Јохан Кројф.
„Прв број на дресот ми беше 14. Потоа го задржав кога дојдов во Тотенхем и играв добро таму. Кројф е симбол на овој број – тој е играч кој му даде важност на „четиринаесетката“ и ја направи посебна. Задоволство е да се носи“, ја објасни оваа одлука 39-годишникот.
Модриќ зборуваше и за почетоците и идолот Звонимир Бобан.
„Имам речиси четириесет години, но имам и фудбалски соништа. Затоа сум тука, ова е мојот сон од детството. Фотографијата од мене како дете во тренерка на Милан е прекрасно сеќавање и покажува колку бил популарен клубот во тоа време, особено во Хрватска. Пораснав гледајќи го вашето првенство, а „росонерите“ беа мои омилени во Италија. Звонимир Бобан играше тука, тој беше мојот идол. Сега сум тука и како што реков сакам да освојувам трофеи со Милан“, истакна Модриќ.
Фото/ Принтскрин