Спорт
Кошаркарите шеснаесетти фаворити на ЕП

Според проценките на европските букмејкери, репрезентацијата на Шпанија е главен фаворит за освојување на титулата на претстојното кошаркарско првенство.
Според проценките на европските букмејкери, репрезентацијата на Шпанија е главен фаворит за освојување на титулата на претстојното кошаркарско првенство. Шансите на Шпанија, за одбрана на титулата од претходниот шампионат во Полска се 2,05, следна репрезентација на листата е Литванија, која ќе биде домаќин на првенството, коефициент 4, а Србија која во Полска го освои сребрениот медал и е даден коефициент 9, за евентуално освојување на титулата. Кошаркарската репрезентација на Македонија се наоѓа на 16-то место на листата можни европски шампиони, нашата репрезентација заедно со националните тимови на Босна и Херцеговина, Полска и Латвија, од букмејкерите доби коефициент 301. Тоа значи дека за еден вложен денар, доколку Македонија ја освои титулата би се заработиле 301 денари. Европското првенство во Литванија ќе се одржи од 31.август до 18.септември. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Галатасарај и Наполи го договорија трансферот на Осимен

Една од најдолгите трансфер саги ова лето наскоро ќе заврши. Виктор Осимен дефинитивно ќе стане играч на Галатасарај, бидејќи турскиот шампион конечно ги прифати сите услови на Наполи.
Преговорите беа напнати.На крајотНаполи успеа да извлече голем дел од 80-те милиони евра кои ги вложи во Осимен кога Нигериецот дојде од Лил пред пет години.
На крајот вкупната вредност на трансферот е 75 милиони евра. И тоа не беше спорно во преговорите меѓу двете страни. Дури и дека главниот износ од 40 милиони евра треба да се исплати веднаш. Копјата се кршеа околу динамиката на исплатата на преостанатите 35 милиони евра. Наполи побара да биде до 2026 година, а Галатасарај до 2027 година.
На крајот, Наполи победи така што успеа да вметне уште две клаузули во договорот. Првата за процентот на следната продажба, а втората дека не може да биде продаден на италијански клуб пред 2027 година.
За четири години, Осимен одигра 133 натпревари за Наполи и постигна 76 гола, а во последната сезона во која беше позајмен играч, во дресот на Галатасарај, постигна 37 гола во 41 натпревар.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул донесе напаѓач за 100 милиони евра

Ливерпул обезбеди значајно (и скапо) засилување кое пристигнува на „Енфилд“ од Германија.
23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт, Уго Екитике, ќе се пресели во Премиер лигата во трансфер вреден 94 милиони евра, земајќи ги предвид и бонусите.
Раководствата на англискиот и германскиот клуб конечно се согласија за деталите од трансферот, објавуваат медиумите, а Екитике ќе потпише договор до 2030 година со можност за продолжување за уште една сезона.
Францускиот напаѓач одигра 48 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона и постигна 22 гола со 12 асистенции.
Талентираниот фудбалер ја започна својата професионална кариера во родниот Ремс, во сезоната 2023-24 беше член на ПСЖ, од каде што се пресели на позајмица во Ајнтрахт во зимата 2024 година, кој подоцна го купи за 16,5 милиони евра.
Помеѓу двете првенства, Ливерпул ги ангажираше и Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Георги Мамардашвили и Флоријан Вирц. Сè на сè, Англичаните издвоија дури 308.000.000 евра за засилувања ова лето.
Тимот од „Енфилд“ ќе ја брани титулата во сезоната 2025-2026.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Винисиус ќе остане во Реал

Понудата од неименуван саудиски клуб од една милијарда евра за Винисиус Жуниор е повлечена, бидејќи Реал Мадрид планира да склучи нов договор за својата ѕвезда, пишуваат шпанските медиуми.
Бразилецот е една од главните цели на Саудиската професионална лига, која сака да привлече уште поголем број мега поларни фудбалери на Блискиот Исток.
Винисиус има договор со Реал до 2027 година, но разговорите за продолжување наводно се заглавени, бидејќи тој сака да стане најплатен играч во клубот.
Според неколку извори, Саудијците биле подготвени да му платат на Реал 350.000.000 евра отштета, а на Винисиус договор од една милијарда евра за пет години, што би бил убедливо најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Според „АС“, петгодишниот договор вреден една милијарда евра е повлечен, иако интересот на Саудијците би можел да оживее во иднина.
Се верува дека разговорите меѓу Винисиус и Реал ќе се обноват во 2026 година, а Бразилецот претходно изјави дека неговата цел е да остане во клубот.
Реал веќе го препозна и го вклучи во групата капитени за следната сезона. Главен капитен ќе биде Дани Карвахал, но тој повеќе негов заменик е Феде Валверде, трет на листата е Тибо Куртоа, а четврти е Винисиус.
Foto/ EPA