Спорт
Македонија во петтиот барабан за саботната ждрепка
Меѓународната фудбалска федерација ги објави групите на репрезентации по силина, според кои ќе се врши ждрепката за квалификациските групи за Мундијалот во Бразил 2014 година.
Меѓународната фудбалска федерација ги објави групите на репрезентации по силина, според кои ќе се врши ждрепката за квалификациските групи за Мундијалот во Бразил 2014 година.Македонија според очекувањата е во претпоследниот петти барабан, што значи дека е тотален аутсајдер за пласман на собирот на најдобрите светски фудбалски репрезентации.Групи по силина на европските репрезентации:1.Група: Шпанија, Холандија, Германија, Англија, Португалија, Италија, Хрватска, Норвешка и Грција.2.Група: Франција, Црна Гора, Русија, Шведска, Данска, Словенија, Турција, Србија и Словачка3.Група: Швајцарија, Израел, Ирска, Белгија, Чешка, Босна и Херцеговина, Белорусија, Украина и Унгарија4.Група: Бугарија, Романија, Грузија, Литванија, Албанија, Шкотска, С. Ирска, Австрија и Полска5.Група: Ерменија, Финска, Естонија, Кипар, Летонија, Молдавија, Македонија, Азербејџан и Фарски Острови6.Група: Велс, Лихтенштајн, Исланд, Казахстан, Луксембург, Малта, Андора и Сан Марино.Жрепката е закажана за сабота 30 јули во Рио Де Жанеиро. Квалификациите ќе започнат на 7 септември 2012 година, а ќе завршат на 15 октомври 2013 година. /крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

