Спорт
Удинезе донесе резервист од Гремио

Итaлијанскиот фудбалски клуб Удинезе потпиша петгодишен договор со младиот Бразилец, 21. годишниот бек на Гремио Серхи Пичоли Неутон.
Итaлијанскиот фудбалски клуб Удинезе потпиша петгодишен договор со младиот Бразилец, 21. годишниот бек на Гремио Серхи Пичоли Неутон.Овој фудбалер во последните две години настапуваше за Гремио од Бразил, но повеќе беше на клупа одошто во игра. Во 2010 година имаше само 12 настапи, а во 2011 година 15 и има постигнато еден погодок.Младиот бразилец игра на бековска позиција, а во Италија нема да се води како странец бидејки има италијански пасош./крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трејд на релација Бостон-Портланд, Холидеј за Симонс

Бостон Селтикс го испратија Џру Холидеј (35) во Портланд Треил Блејзерс во замена за Анферни Симонс (26) и два пика од втората рунда на драфтот. Бостон на тој начин се ослободи од еден од клучните играчи во освојувањето на титулата минатата година, а причините се првенствено финансиски. Холидеј има договор уште три години и ќе заработи нешто повеќе од 100 милиони долари во тој период. Со неговото заминување, Бостон ќе заштеди околу 40 милиони долари данок на луксуз следната сезона.
Кошаркарскиот свет е шокиран од овој потег на Портланд бидејќи се чини дека Бред Стивенс (генерален менаџер на Бостон) го „ограби“ тимот од Орегон.
Џру Холидеј има 35 години и има многу богат договор бидејќи ќе заработи 32,4 милиони долари оваа сезона, потоа 34,8 милиони долари следната, а му следуваат и 37,2 милиони долари во 2028, но таа опција е тимска за продолжување на таа дополнителна година од договорот.
Анферни Симонс има 26 години и во претстојната сезона ќе заработи 27,7 милиони долари и ќе стане неограничен слободен агент во летото 2026 година. Бостон Селтикс го намалија данокот на луксуз што се наплаќа на нивната франшиза, што им носи заштеда од околу 40 милиони долари.
Портланд го враќа Џру Холидеј, две години по трејдот во кој за Холидеј ги даде Малколм Брогдон, Роберт Вилијамс, избор од првата рунда во 2024 година (кој стана Баб Карингтон) и избор од првата рунда во 2029 година.
Оригиналниот пакет што Портланд го доби во размената на Дамијан Лилард ги вклучуваше: Холидеј, Деандре Ајтон, Тумани Камара, еден избор од првата рунда, како и две размени на избори од првата рунда.
Овој трансфер го означува почетокот на активно лето за Селтикс, кои планираат да го обноват составот откако Џејсон Тејтум ја скина Ахиловата тетива во втората рунда од плејофот.
Според извори на ESPN, Бостон сè уште е активен во преговорите за размена на неколку клучни играчи од постоечкиот состав.
Постои можност Џејлен Браун наскоро да добие нов тим, а веројатно истото ќе се случи и со Кристапс Порзингис.
Спорт
Луис Енрике: Топката скока како зајак

ПСЖ со победата над Сиетл Саундерс (2:0) во последното коло обезбеди пласман во осминафиналето, каде што го чека Интер Мајами. И покрај победата и пласманот во нокаут фазата, тренерот на европскиот првак, Луис Енрике го изрази својот гнев за квалитетот на терените на кои се игра клупскиот Мундијал.
„Сакам да истакнам дека, иако победивме, состојбата на терените на првенството е под нивото потребно за играње фудбал. Квалитетот на тревата овде е далеку зад европските. Топката отскокнува на нив како зајак. Сега игравме на терен што порано беше вештачки, а сега е природен. Ова значи дека мора да се полева рачно и да се исуши за десет минути“, рече Енрике и продолжи:
„Тоа е очигледен проблем, а не изговор. Не можеме да играме на нивото што го сакаме на терени како овие на Светското клупско првенство во Америка. ФИФА мора да се погрижи за тоа. Не само на стадионите, туку и во однос на терените во тренинг камповите. Не можам да замислам, на пример, НБА терени со дупки, а овде играме на терени каде што топката се однесува повеќе како зајак отколку како топка. Ако мораме толку многу да ја критикуваме, тогаш тоа значи дека мора да се промени.“
Спорт
Реал ја одреди цената за Родриго

Арсенал не го крие интересот за крилниот напаѓач на реал, Родриго. Свесни за интересот од Лондон, на „Сантијаго Бернабеу“ ја одредија цената за Бразилецот.
Како што објави „Кадена СЕР“, минималната цена што Реал е подготвен да ја прифати е 90 милиони евра. Изворот исто така наведува:
„Реал Мадрид знае за интересот на Арсенал, но играчот сака да истражи некои други решенија бидејќи знае дека Гвардиола со Манчестер сити е секогаш опција“.
Родриго, покрај Винисиус и Килијан Мбапе, падна во втор план. Често се случува во последно време Бразилецот натпреварите да ги започнува од клупата за резерви. Тој неколку пати изјави дека сака да остане во Мадрид, но јасно му е дека во Арсенал ќе може да игра на својата природна позиција, десно крило.