Спорт
Пет години суспензија за Диуф

Сенегалската фудбалска федерација (FSF) го суспендира репрезентативниот напаѓачот Диуф на дури пет години, јавуваат светските агенции.
Сенегалската фудбалска федерација (FSF) го суспендира репрезентативниот напаѓачот Диуф на дури пет години, јавуваат светските агенции.Покрај тоа, на 30-годишниот Ел Хадџиџи Диуф му е забранета каква и да е активност во фудбалот, поради неговите изјави дека целиот фудбалски систем во Африка е корумпиран. Диуф кон крајот на април за радио станицата Radio France International (RFI) даде интервју во кое обвини за корупција во африканскиот фудбал, особено во фудбалската асоцијација во неговата земја. Поради оваа изјава тој беше повикан на сослушување пред Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Сенегал, коешто требаше да се одржи на 20-ти јули. Меѓутоа, Диуф не се појави. Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Блекбурн роверс, кој моментално настапува како позајмен играч во шкотски Глазгов ренџерс, има право на жална на оваа одлука./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
10 милиони евра го делат Симонс од трансфер во Челзи

Челзи не го затвори летниот преоден рок, а познато е дека Енцо Мареска сака да ја засили конкуренцијата и дека Чави Симонс е следната цел.
Денес пристигнуваат нови информации дека Симонс одамна се договорил со Челзи и дека сега чека да биде постигнат договор меѓу клубовите клубовите.
Моментално 10.000.000 евра ги делиат РБ Лајпциг и Челзи. Наводно, РБ Лајпциг сè уште бара 70.000.000 евра, Челзи досега понуди максимум 57.000.000, но се верува дека Германците ќе се согласат на намалување и ќе прифатат ако „сините“ испратат барем уште 10.000.000 евра.
Симонс треба да биде опција на левото крило покрај Џејми Гитенс, но и како конкуренција за Кол Палмер.
Спорт
Ливерпул подготвува втора понуда за Исак, Њукасл му нуди нов договор

Трансфер сагата број 1 во овој преоден рок е онаа околу Александар Исак. Најдобриот стрелец на Њукасл е на мета на Ливерпул, тој сака да се пресели на „Енфилд“, но Њукасл сака да го задржи.
Првата понуда од близу 130 милиони евра од Ливерпул беше одбиена. Од друга страна, Исак јасно и гласно им порача на челниците на Њукасл дека сака да го напушти клубот.
На „Сент Џејмс Парк“ веројатно би ја прифатиле понудата од Ливерпул доколку би имале опција плус во нападот. На пазарот Њукасл не може да најде напаѓач. Последен кој ја одби понудата од овој клуб е Бенјамин Шешко, претходно истото го напарви и Уго Екитике.
Се чини дека никој не е задоволен од оваа ситуација, но сè уште има време до крајот на преодниот рок. Ливерпул го сака Исак, тој самиот го сака Ливерпул. Сепак главниот збор го има Њукасл.
Приоритет за „Свраките“ е да го задржат Исак. Сепак, не е во ничиј интерес да задржи играч против негова волја, како што истакна самиот тренер Еди Хау.
– Тој е наш играч, под договор. Сакам најдобар можен исход, сакам најдобар и најсилен состав. Но, сакам и играчи во него кои сакаат да играат за овој клуб. Ќе видиме што ќе се случи – рече Хау.
Во Њукасл веруваат дека рецептот за да го здржат Исак е да му понудат нов договор, што подразбира значително зголемување на платата, но и вметнување минимална клаузула во случај на продажба.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Манчестер јунајтед ќе платат 120 милиони за Балеба?

Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба.
„Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо.
Младиот 21-годишен универзалец од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.
Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра. Доколку трансферот биде реалиизран за оваа сума, Јунајтед ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд.
Балеба не беше вклучен во составот на Брајтон за пријателскиот натпревар со Волфсбург вчера, што според медиумите е знак дека преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза.
Фото/ Принтскрин