Спорт
Американски пресметки во Вашингтон

Во третото коло од АТП турнирот во Вашингтон, се случија две меѓусебни пресметки на американските тенисери. Најнапред Доналд Јанг во два сета со по 6:3 го елиминира Мајкл Расел, а веднаш потоа Џон Изнер (11) по голема борба го совлада Џејмс Блејк со 7:6 (0), 1:6, 7:6 (4).
Во третото коло од АТП турнирот во Вашингтон, се случија две меѓусебни пресметки на американските тенисери. Најнапред Доналд Јанг во два сета со по 6:3 го елиминира Мајкл Расел, а веднаш потоа Џон Изнер (11) по голема борба го совлада Џејмс Блејк со 7:6 (0), 1:6, 7:6 (4). Останати мечеви 3 коло:Радек Степанек – Јарко Ниеминен 6:4, 3:6, 6:2Маркос Багдатис – Томас Белучи 3:6, 6:3, 6:2Фернандо Вердаско (5) – Николај Давиденко (9) 6:4, 7:5Јанко Типсаревиќ (6) – Григор Димитров 6:4, 6:2Виктор Троицки (3) – Кевин Андерсон 6:3, 6:3Гаел Монфис (1) – Дмитриј Турсунов (15) 6:2, 7:6 (9).крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи почна преговори со Ливерпул за Дарвин Нуњез

Дарвин Нуњез (26) сака да ја продолжи кариерата во Наполи, но италијанскиот клуб сè уште се обидува да постигне договор со Ливерпул, пишува „Фудбал Италија“. Уругвајскиот напаѓач доби неколку понуди ова лето, но јасно стави до знаење дека кариерата сака да ја продолжи во редовите на италијанскиот шампион.
Италијанските медиуми објавија дека Наполи е подготвен да плати околу 43 милиони евра, додека Ливерпул бара 50 милиони евра.
Се очекува преговорите со Ливерпул да потраат некое време, бидејќи Наполи се обидува да најде начин да се приближи до барањата на англискиот шампион. Во Неапол се свесни дека продажбата на неколку играчи, особено нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, би можела да донесе пари во клубот и со тоа да се реализира трансферот на Нуњез.
Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика во летото 2022 година за 85 милиони евра. Тогаш стана најскапото засилување во историјата на клубот. Рекордот минатата недела го сруши трансферот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
И покрај тоа и фактот дека има договор со „црвените“ до летото 2028 година, клубот повеќе не смета на Нуњез, кој беше поврзуван со бројни клубови во последните години.
Нуњез на 143 настапи за Ливерпул, тој постигна 40 гола и постави 26 гола, а во неодамна завршената сезона, тој постигна седум гола и имаше седум асистенции во 47 настапи.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 45 милиони евра.
Спорт
Тони Паркер потврди дека Малдон потпишал договор со Реал

Претседателот на кошаркарскиот клуб Асвел, Тони Паркер, објави дека поранешниот играч на тој клуб, Тео Маледон, ќе игра за Реал Мадрид од следната сезона.
„Маледон потпиша голем договор со Реал Мадрид“, рече Паркер во интервју за францускиот „Ле Прогрес“.
Маледон (24) ја започна својата професионална кариера во 2017 година во Асвел, во клубот се врати пред почетокот на сезоната 2024/25 по четири сезони играње во НБА.
Францускиот бек беше избран во втората најдобра петорка на Евролигата оваа сезона, откако имаше просек од 17 поени, 4,6 асистенции и 3,5 скока.
Паркер, исто така, објави дека центарот на Асвел, Нил Сако, активирал посебна клаузула во неговиот договор што ќе му овозможи да се пресели во Валенсија, и дека клубот „нема средства“ да го задржи Жофри Ловерњ.
Претседателот на Асвел, исто така, изјави дека досегашниот плејмејкер, Парис Ли, е „прескап“ и дека би сакал да го задржи Андре Роберсон, но дека има мали шанси тоа да се случи поради „зголемувањето на платите и цените предизвикано од влезот на Дубаи Евролигата“.
Асвел ја заврши сезоната 2024/25 на 15-то место на табелата во Евролигата.
Спорт
Санчо се договорил со Фенербахче?

Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче е заинтересиран за Џејдон Санчо и дека во исто време клубот го раскинал договорот со голманот Доминик Ливаковиќ.
Џејдон Санчо, се врати на „Олд Трафорд“ откако му истече позајмицата во Челси, а „сините“ претходно објавија дека нема да го откупат неговиот договор.
Англичанецот наводно веќе прифатил 10 милиони евра по сезона, па останува Фенербахече и Јунајтед да го договорат обештетувањето.
Претходно, турските медиуми објавија дека хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ, нема да биде во Фенербахче наредната сезона. Жозе Мурињо на неговото место дака да го донесе голманот на Лидс, Илан Мелие.